Хроно исхраната која во последните неколку месеци кај нас предизвика бум и огромна заинтересираност кај повеќето луѓе кои сакаат да направат промена во начинот на исхрана, во светот не е ништо ново.

Повеќето од луѓето на почеток се скептични кога е во прашање нов режим на исхрана и најчесто поставуваат прашања и бараат одговори за конечно да донесат одлука дали вреди да се почнува со овој начин на исхрана или било кој друг.

Што е Хроно? Уште во 1986 година, францускиот доктор Alain Delabos ја формирал Хроно нутрицијата, а студирал Хроно биологија и ги адаптирал неговите пронајдоци во еден нов режим на исхрана.

Најважните „поставки“ на кои се заснова овој тип на исхрана се следните:

-          Се јаде правилна храна

-          Се јаде во правилно време

-          Во правилни количини (базирано на сопствените потреби)

Кај нас на социјалната мрежа „фејсбук“ постои група која веќе брои огромен број на членови, а е прилично нова затоа што постои речиси една година. Сегашниот број на членови надминува над 45 илјади, а заинтересираноста кај останатите видно расте зошто изгледа дека Хроно стана многу популарна за прилично кратко време.

Дури и порталите од типот на факултети.мк имаа цела статија посветена на овој вид на режим на исхрана, што кажува дека навистина Македонија ја зафатила „хроно треска“.

После тоа се појавија некои објави дека Хроно режимот е штетен и предизвикува уништување на бубрезите и дека од него можело да се заврши во болница, при што беше разоткриено дека тоа било ужасен обид да се направи анти-реклама на Хроното затоа што фотографиите од објавата не биле од македонска болница туку преземени од интернет сајт.

Неуспешниот обид на некоја компанија која произведува хемикалии односно таблети и чаеви за слабеење заврши, не знаеме колку им паднала потрошувачката, но судејќи по обидот да креираат лажна ситуација (приказна) изгледа дека е прилична лоша состојбата.

 

Да се вратиме сега на темата и што е тоа што ја прави хроно толку популарна?

Првично кај нас тоа што постоењето на групата каде основачите и соработниците (популарно админи) се постојано активни со објавување на рецепти (и слики од храната која ја приготвуваат) и секогаш спремни да одговорат на секое прашање и ги поттикнуваат членовите и тие да објавуваат нивни слики. Комуникацијата е на ниво кое вели дека „хармонијата во групата по никоја цена не смее да биде нарушена, а секој кој не го почитува тоа правило ќе биде соодветно отстранет или опоменат“.

После тоа, поради самите правила кои на почеток изгледаат комплицирани, но кога ќе бидат убаво разгледани веднаш стануваат едноставни и дел од секојдневната исхрана. 

Исто така брзите резултати кои ги оставаат со подотворена уста сите кои го практикуваат овој режим и кои правилно и точно се придржуваат до упатствата и правилата.

Постојат 2 периода на придржување до режимот: едниот се вика рестриктивен период, а другиот вонрестриктивен.

- Периодот на рестрикција е задолжителен. Минималниот период на рестрикција трае 28 дена и е период во кој телото се прилагодува на исхраната. Рестриктивниот период се применува сѐ додека не се дојде до посакуваната тежина, после тоа се преминува на траен режим. Колку ќе се остане во овој период е индивидуално и зависи од самиот човек, од неговата претходна тежина, висина, мускулна маса, вид и степен на физичка активност и сите останати параметри кои се важни при симнување на тежина пред да се почне со одреден режим.

- Во Хроно исхрана количините не се мерат, се јаде додека не се стане сит, три пати на ден во период од поминати од 4 до 6 часа помеѓу оброци.

- Кафето е дозволено да се пие само 2 пати дневно и тоа 30 минути после појадок и после ручек. Дозволено е какао 2 до 3 пати неделно

Секако дека доколку не би постоеле забрани, режимот немаше да биде толку ефикасен, па така и овој режим има одредени ограничувања односно забранети видови на храна и правила во однос на комбинирање на храната за појадок, ручек и вечера. На пример, забрането е внесување на течности 30 минути пред и по оброк (вода, билен чај, лимонада)

 • забранети се секакви видови на сокови и засладени напитоци. Дозволена е минерална вода до 2 чаши дневно.

 • забранет е внес на шеќер, мед, натрен и други засладувачи. Од засладувачи, дозволена е само Стевиа.

забранети се сите видови на млеко, освен домашно бадемово и кокосово млеко.

 • овошје не смее да се јаде во рестрикција освен лимон и авокадо.

• забранет е маргаринот и уште некои видови храна

За љубителите на алкохолот да се спомне дека е дозволено внесување само на црвено вино, и тоа ограничено на 4 чаши неделно.

Српската авторка Ана Гифинг ја прилагодила Хроно исхраната, и всушност нејзиниот режим е тој кој кај нас го викаме Хроно, и таа е онаа која го смислила рестриктивниот период, нормално со причина.

Која и да е причината поради која сакате да го промените вашиот начин на исхрана, направете го тоа по ваше убедување и секако консултација со вашиот лекар.

Comments

comments