Според теориите на Карл Јунг, Тарот картите, особено оние од Големата Аркана, може да се употребуваат при психолошката анализа.

гледачка на тарот

Таротот од своето појавување па до денешен ден носи еден превез на мистичност и голема моќ. Легендата вели дека Таротот е најстарата книга која му е позната на човештвото. На почетокот, секоја карта сочинувала поглавје во Книгата на Тот (древен Египетски Бог на знаењето и мудроста). Кога Египет почнал да тоне во пропаст, Тот го пренел своето знаење врз 22 таблети употребувајќи симболи наместо зборови. Таблетите ги открила група на цигани кои ги пренеле информациите од нив врз 22 карти, и така всушност настанала Големата Аркана.

гледачка на тарот

Но, што го натерало еден Јунг да се занимава со Тарот картите, особено оние 22 од Големата Аркана?

Нивната сила лежи во симболизмот кој го носат во себе а е длабоко поврзан со архетипите, поим кој речиси секогаш се поистоветува со Јунг.

тарот прашање

Архетипите, според Јунг, се „активни живи диспозиции, идеи во Платонска смисла, кои ги образуваат и континуирано влијаат врз нашите мисли, чувства и постапки“. Тие не се наследени идеи, туку како што вели Јунг „наследени можности за идеи“. За природата на архетипите се воделе и водат многу дискусии, како меѓу Јунгистите, така и вон овие кругови. Она што е битно да го знаеме е дека основните архетипи (кои по дефиниција се или над или под свеста) се изразуваат преку свесни слики наречени „архетипски слики“ кои носат во себе моќ да не фасцинираат. Притоа треба да правиме разлика меѓу самиот архетип и архетипската слика.

архетип

Преку примена на архетипите илустрирани на картите од Големата Аркана, Јунг сметал дека тие можат да помогнат при пронаоѓањето на решение за ситуацијата која се дискутира. Иако сметан за ненаучен, Јунг верувал дека симболизмот кој го содржат Тарот картите може да се покаже како многу корисен за следбениците на аналитичката психологија. Употребувајќи селекција од картите за да се создаде приказна, симболите може да се поврзат со проблемот за кој се дискутира.

персона

Архетипите се структурни елементи на еден од најоригиналните поими во Јунговата теорија, колективното несвесно или трансперсоналното. Според него, постојат пет главни архетипи:

  • Персона – лицето кое му го презентираме на светот
  • Сенката – делот кој најчесто не си го признаваме но си постои во секој случај
  • Себството – суштината на психата, она што ја овозможува индивидуата
  • Анима – женскиот лик во машката психа
  • Анимус – машкиот лик во женската психа

Ова ни оддалеку не се сите архетипи, ги има многу, но наведниве заедно со уште неколку се сметаат за највлијателни. На пример архетипите на Мајката, Детето, Мудрецот и слични се појавуваат многу често.

тарот волшебник

Од 22 карти кои ја сочинуваат Големата Аркана, голем број можат веднаш да се идентификуваат со Јунговите архетипи. Всушност, може да се дискутира и дека секоја карта е репрезентација на одреден архетип.

Комплетниот шпил на Тарот карти се состои од Голема Аркана во која има 22 карти и Мала Аркана во која има 4 групи од по 14 карти. Двата основни симболи во Таротот се сликите и бројките. Не постои прецизно значење за секоја карта во шпилот, затоа што јазикот на Таротот е комплексен. Уште повеќе, секое гледање или читање на картите е различно затоа што во голема мера зависи и од гатачот но и од оној кому се прорекува судбината. Некои гатачи на Тарот ја споредуваат оваа уметност со гледање во огледало, бидејќи за картите се вели дека ги одразуваат нашите желби и стравови.

тарот карти

Секоја карта во шпилот на Големата Аркана е нумерирана и носи во себе силна симболика. Секоја карта си има и свое име. На пример под број 1 е Магионичарот или Магот, опкружен со магиски симболи и инструменти, карактеристичен за соодветниот архетип. Број 3 е Владетелката, најчесто илустрирана да ја претставува природата и плодноста, која многу често се поистоветува со архетипот на мајката. Број 6 е бројот за љубовниците, картата на љубовта но и сексот. Деветтата карта го претставува Пустиникот, кој заедно со петтата каде е Првосвештеникот обично се поистоветува со архетипот на Мудрецот. Број 13 е резервиран за Смртта, а интересно е што има и нулта карта, таму е Будалиот.

тарот карти

Секоја од овие карти може да стои сама, и секогаш одново да претставува нешто друго, да има поинаква интерпретација. Но, може да биде и искомбинирана и со другите карти околу неа или на други позиции при гатањето. Интерпретациите знаат да бидат многу сложени и во голема мера ќе зависат и од вас но и од оној кој ви ја прорекува судбината.

тарот

Покрај придружувањето на архетипите кон Големата Аркана, Јунг поврзал одредени функции на умот со соодветните од шпилот на Малата Аркана, оној шпил со повеќе карти но се чини помало значење, односно помала моќ, притоа:

  • Стапчињата – означуваат Интуиција
  • Пехарите – Чувствување
  • Мечовите – Мислење
  • Пентаграмите (парички, дискови) – Осетување, сензација

Симболите на Таротот ја потпомагаат популарноста на картите и нивната широка распространетост и употреба. Покрај тоа што помагаат при разбирањето на тешките концепти, симболите исто така го олеснуваат и гатањето.

Разбирањето на симболизмот на Тарот картите не е нешто што се случува преку ноќ. Се разбира за оние што ќе се решат да одат по тој пат. Можеби најголем сведок за тоа е самиот Јунг. Потребно е да се има трпение, истрајност и се разбира, пракса, реална употреба и искуство.

тарот гледачка

Симболизмот на таротот служи за две главни цели:

  • Учење – Симболите им помагаат на „читачите“ на Тарот карти да ги разберат концептите кои е тешко да се визуелизираат и разберат.
  • Гатање – секоја карта раскажува приказна за нечиј личен пат во одреден период на времето. Симболите може да се однесуваат на низа различни интерпретации иако се „чита“ истата карта. Ова во голема мера зависи од интуицијата, дарбата и искуството на оној што ја прорекува судбината. Можеби повеќето луѓе би сакале, но, како што тврдат и оние кои ги читаат и оние на кои им се гледа, не секој е благословен со таквите способности. Дури постои мит дека самите карти го отфрлаат оној кој не знае да ги интерпретира.

За многумина овие карти имаат магиска моќ. Има многу ритуалност во самото гатање со Тарот карти, а голем број и од оние што ги „читаат“ ќе ви признаат дека по малку се плашат од нив.

тарот гледање

Тарот картите се употребувале со векови за разбирање на скриените вистини. Нивниот симболизам е клучот за популарноста која ја имаат, затоа што говорат на универзален јазик на човековите чувства, мисли и идеи. Или како што би подвлекол Јунг, тие директно ги репрезентираат архетипите и можат многу да помогнат за разјаснување на проблемот што се дискутира. Па така, кога следниот пат одите на терапија ако вашиот терапевт ви извади Тарот карти, немојте да помислите дека сте ја згрешиле канцеларијата, можеби е Јунгист.

 тарот архетипи

Извор: psiha.com

Comments

comments