Можеби ви звучи чудно, но истражувањата покажале дека постои врска помеѓу нивото на тестостерон и нивото на искреност.

 пинокио нос

Истражувачите од Универзитетот во Бон направиле неколку експерименти преку кои недвојбено покажале дека мажите кои добиле доза на тестостерон лажеле многу помалку отколку оние кои добиле плацебо.

Во експериментите учествувале 91 здрави машки лица, од кои околу половина, или поточно 46 добиле доза од тестостерон аплицирана во форма на гел преку кожата. За да нема сомнеж, следниот ден, ендокринолозите го измериле нивото на тестостерон во крвта на овие мажи и го споредиле со оние кои добиле плацебо гел. Апликацијата се покажала успешна.

 тестостерон гел

Што се однесува до истражувачите и испитаниците, за да се добијат повалидни експериментални резултати, тие не знаеле кој точно добил гел со тестостерон а кој плацебо.

На учесниците во експериментот им била дадена задача да играат игра со зарови, притоа сместувајќи ги во посебни кабини. Играта била едноставна, оној кој добивал поголем збир од коцките, тој добивал поголема награда во пари.

 кабина

Е сега, тука се вмешуваат експерименталните услови. Имено, на испитаниците им било овозможено без надгледување да ги внесуваат во компјутер вредностите што ги добивале со фрлањето на заровите. Со оглед дека биле сместени во посебни, изолирани, кабини, никој не знаел дали тие ги внесуваат вистинските броеви или не. Или барем, мислеле дека никој не знае. Истражувачите имале утврден начин на проверка.

Според Бернд Вебер, дел од тимот невронаучници од Центарот за Невронаука и Економија во Бон, и не треба којзнае каков начин на проверка, едноставната теорија на веројатност вели дека сите бројки на зарот имаат подеднаква можност да се паднат. Кога некој сукцесивно ви пријавува поголеми бројки, јасно е што се случува, тој испитаник се обидува да мами.

 зарови

Во финалната фаза на испитувањето, истражувачкиот тим ги споредил резултатите на групата со тестостерон и контролната група. Резултатите недвојбено и јасно покажале дека испитаниците со повисоко ниво на тестостерон во крвта лажеле многу помалку отколку оние кои не добиле третман. Ова претставува изненадување ако се знае дека постои уверување за тестостеронот како предизвикувач на антисоцијално поведение. Очигледно овие експерименти покажуваат контрадикција со таквото еднодимензионално толкување на тестостеронот ставајќи го под знак прашалник.

машки мускули

Истражувачкиот тим, на чело со Др. Матијас Вобрал, истакнуваат дека хормонот тестостерон е задолжен за типичните машки атрибути бидејќи го стимулира формирањето на сексуалните карактеристики, го покачува либидото и градењето на мускулите.

За тестостеронот се смета дека го поттикнува агресивното однесување и преземањето ризици. Во контекст на истражувањето, истражувачите сметаат дека однесувањето било детерминирано од чувството на гордост и позитивната слика за себе кои ги засилува тестостеронот. Сигурно дека неколку евра повеќе или помалку не се доволни за да вистински маж си ја наруши сликата за себе и сопствената машкост.

 тестостерон супермен

извор: psiha.com

Comments

comments