Летните температури станаа навистина високи и веќе сме влезени во портокаловата фаза.
Поради жештините многу луѓе се жалат дека не можат лесно да заспијат и дека се измачуваат додека да им дојде сонот.
Во статијата http://zenica.mk/2017/07/05/%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE/,
пишувавме како да се преживее летото глобално, a во овој текст акцентот е ставен за „победување“ на инсомнијата предизвикана од жешкото време.

Кога ќе заспиете многу е важно да стигнете до РЕМ (на англ: rapid eye movement) фазата, а тоа не се постигнува лесно доколку се измачувате со летната инсомнија.

  •  Останете хидрирани. Пиењето вода го разладува телото, и добро е секогаш да имате чаша или шише со вода покрај креветот. Но, и преку текот на целиот ден телото треба да биде хидрирано. Доколку одеднаш испиеме големи количини пред спиење, сонот ќе ни се прекинува со постојана потреба за одење во тоалет. Затоа, потребно е умерено пиење вода во текот на целиот ден.
  • Затворете ги прозорите. Можеби звучи клаустрофобично, но кога ќе се затворат прозорите и ќе се спуштат завесите/ролетните навреме, просторот ќе се одржува ладен. Штом првите зраци од сонцето почнат да ја грејат просторијата, треба да се спречат да продираат внатре во собата, а прозорите да се отворат тек во доцните вечерни часови, и тоа доколку ноќите се свежи.
     
  • Истуширајте се со ладна вода. Ладниот туш е најдобриот начин за да се спушти температурата во телото пред спиење.

  • Јадете лесна храна. Доколку пред спиење јадете храна богата со јаглехидрати, телото потешко ќе ја вари и тако ќе ја подига внатрешната температура. Вечерата треба да биде лесна храна како на пример салата, и тоа да биде најкасно два часа пред спиење.

  • Избегнувајте алкохол. Тој предизвикува дехидрација, а таа пак го зголемува чувството на топлина.

  • Носете памучна облека. Памукот е природен материјал и низ него кожата може слободно да дише и тој се препорачува и кога е топло. Но, добра идеја е и да се спие без облека, зошто да не?

  •  Влажните марамици можат да помогнат доколу ги измачкате лицето, вратот и рацете со нив. Привремено помагаат, но доволно за телото да се „залаже“ дека е оладено, барем за кратко.

  • Останете смрени… дури и кога се нервирате што не можете да заспиете. Со нервирањето само дополнително ќе ви биде жешко и повеќе ќе се потите, а превртувањето во кревет никако не може да помогне за да ви биде поладно. Клучот е да се дише длабоко, да се остане смирен и да се фокусирате на заспивањето.

  • Изгаснете ги сите уреди околу вас вклучувајќи ги и светилките. Пред спиење избегнувајте го користењето на мобилниот телфон, компјутерите, телевизорот и слично.
    После напорниот ден на мозокот му е потребно време да се исклучи за полесно да заспиеме.
    Доколку заспиваме со елктронски уред на мозокот му го отежнуваме процесот на „исклучување“ и поради тоа потешко заспиваме.

  • Доколку немате клима уред и вентилаторот ќе заврши работа. За да направите импровизирана клима потребно е да ставите сад со коцки мраз пред вентилаторот и таа свежина ќе се разнесе низ целата соба.
    Доволно е ова да трае 20 минути, доволно за да ја освежите просторијата пред да заспиете.

  • Постелнината нека ви биде во светли бои. Темната боја привлекува топлина, па затоа постелнината нека биде во што е можно посветла боја.

  • Спиете на пониско место. Доколку седите во куќа, спиете на најниските спратови затоа што на повисоките е значително потопло.

  • Доколку не можете да заспиете без да бидете покриени, барем отскријте ги стаплата. Така ќе имате чувство дека не сте покриени, и стапалата ќе бидат поладни. Колку ви се потопли стапалата, толку вам ќе ви биде потопло, и обратно.

  • Спиете во онаа положба во која ви е најудобно, но истовремено и најладно.

 

Comments

comments