Постојат два типа на луѓе: оние кои знаат да пливаат и оние кои не научиле. Доколку вие спаѓате во првиот тип, тогаш прочитајте ги следните причини зошто пливањето е одлична вежба/спорт за секој човек.

  1. Помага во губење на килограмите. Во еден час активно пливање можат да се согорат 500 калории. Се активира секој дел од телото и секој мускул, а телото не се напрега.
  2. Симултано го зајакунува телото и со тоа и кардио способностите. Кај пливањето нема никаков притисок на зглобовите, но резултатите се јаки. Пливањето се смета за аеробик, но вежбањето во вода исто така го оптеретува телото што води до зајакнување на целата снага. Тренингот за кој е потребен напор ги подоборува рамнотежата, сонот и ги одржува коските здрави.
  3. Помага за белите дробови да останат здрави. Со пливањето се зголемува нивниот капацитет што значи дека целото тело подобро ќе спроведува воздух и нема да останувате без воздух лесно, ниту да се задишувате.
  4. Никогаш не е доцна да почнете да пливате. Доколку не знаете, никогаш не е доцна да научите. Исто така, старите луѓе кои боледуваат од артритис, мускулно-коскени заболувања можат само да почувствуваат благодет од пливањето. Заклучок: секој може да плива без оглед на килограми, години или физичка способност.
  5. Ги ублажува симптомите на астма. Додека пливаме, белите дробови мора да работат силно за крвта да може да циркулира со доволно воздух.
  6. Подмладува! Можеби магично не ги брише брчките, но докажано е дека го смалува ризикот од смрт за дури 50%.
  7. Добро е и за трудници. И тоа неа само за мајката, туку и за бебето. Телото не се напрега, не се прегрева, а со пливањето со лицето гледајќи надолу се обезбедува оптимален проток на крв во матката.
  8.  Го смалува ризикот од дијабетес. Со редовно вежбање се смалува нивото на глукоза во крвта. Аеробните вежби и трениг со отпор секој посебно или во комбинација, го подобруваат контролирањето на шеќерот во крв кај пациенти со дијабетес тип 2, како што покажало истражувањето.
  9. Делува смирувачки. Водата е симбол на обновување и бистрина, а истражувањата покажале дека времето поминато блиску до водата има слично влијание врз мозокот какво што има медитацијата.
  10. Ве поврзува со природата. Кога пливаме во море, река или езеро ние сме блиску до природата, а времето поминато во природа допринесува за подобро ментално и физичко здравје и одржување на здрава телесна тежина, го намалува стресот и го подобрува расположението.

Comments

comments