За да бидете негувани не е потребно многу. Доволно е правилно да ја негувате кожата, и нормално целото ваше тело.
Но, во овој прилог ќе се сконцентрираме на негата за кожата на лицето. Какво е тоа „правилно негување на кожата“?

Правилното негување на кожата на вашето лице вклучува нејзино чистење во адекватна дневна и ноќна нега.

Чистење на кожата

Чистењето на лицето е од пресудно значење за убава и здрава кожа.
Утринското чистење со миење на лицето со вода и соодветен козметички препарат (сапун, гел или пена за миење лице) помага во освежување на вашата кожа, а со чистење на лицето пред спиење се отстрануваат нечистотиите кои се насобрале во текот на денот.
Вие треба да го знаете типот на вашата кожа (дали е нормална, мрсна, сува или комбинирана), потоа да ги одберете вашите козметички средства кои ќе одговараат целосно на вашиот тип и да ги употребувате соодветно според упатствата.
Лосион, тоник, дневна и ноќна крема, сапун, гел, пена, чист памук се поголемиот дел од работите кои ви се потребни за чистење на лицето.

Во чистење на кожата се подразбираат и пилингот и ексфолијацијата.
Со ексфолијацијата кожата се ослободува од мртвите клетки и  станува блескава, сјајна и мазна.
Исто така се забрзува процесот на обновување на кожата.
Меѓутоа, со природните маски и пилинзи треба да се биде внимателен и не треба премногу често да се употребуваат.

Правењето на домашни маски за лице или користење на веќе готови исто така придонесува за сјаен и здрав изглед на кожата на лицето.

Да не ја заборавиме и важноста на користење на чисти пешкири (посебно за лицето) од природен и пријатен материјал кои ќе бидат лично ваши и само вие ќе ги користите. Исто така, важно е нивно редовно менување (еднаш во неколку дена).

Дневна и ноќна нега
После утринското чистење на кожата, на лицето треба да се нанесат крема и серум.
Кремата ја хидрира кожата и ја штити од штетното влијание од надворешната околина, а серумот ѝ помага на кремата ефикасно да делува. Производите што ги користите треба да одговараат и да бидат наменети за вашата возраст покрај тоа што треба да соодвестуваат на вашиот тип на кожа.
Препаратот се нанесува и на вратот и на деколтето.
Во текот на летните месеци никако не треба да се заборави нанесувањето крема со заштитен фактор.

Comments

comments