Навиките кои ги стекнуваме во животот се во директна врска со нашите приоритети . Како ќе ни функционира еден ден во голема мера зависи и токму од нашите навики и нивниот квалитет, па затоа е многу важно нашите навики да бидат здрави, за нашето целокупно здравје да биде на високо ниво.

Дали сте утрински или ноќни птици (во зависност од тоа во кое време легнувате и станувате), тоа не го менува фактот дека утрата секогаш ќе бидат време кога е најдобро да се разбудиме иако сме легнале многу доцна. Доколку сте утринска личност и сакате да станувате рано и немате потешкотии при станувањето тогаш вие без проблем го напуштате креветот и им се посветувате на вашите обврски кои чекаат на вас.

Доколку мразите да станувате рано и сте ноќна птица односно имате потешкотии при будење рано и станување од кревет, тогаш вашите навики се малку поинакви од оние кои сакаат „рано да ранат“.

Следниве 5 навики ве прават поздрави, а со тоа го прават поквалитетно и вашето целокупно здравје:

  • „Масло метод“

За што станува збор? Овој метод подразбира дека секое утро веднаш после будењето, пред да испиете чаша вода, да ја „исплакнете“ вашата уста со супена лажица полна со масло кое буквално ќе ги собере сите бактерии и токсини кои се наталожиле во текот на ноќта. На овој начин не само што ќе придонесете за зголемување на хигиената во вашата уста, туку и чистење на целиот организам. Секако, после плакнењето многу е важно темелно да ги измиете забите

  • Истегнување 

Следниот чекор би требало да биде истегнувањето што е многу важно за мускулите, посебно ако поголемиот дел од денот подоцна го поминувате во седечка положба. Воглавно, ова е сјаен начин за пробудување, а ако имате дополнително време т.е ако станете малку порано можете да практикувате и јога или некоја пократка серија на пилатес вежби.

  • Вода и лимон 

Чаша топла вода со лимон е испробан рецепт кој многу допринесува за здравје на вашиот организам – внесувате витамин Ц, ја хидрирате вашата кожа и го забрзувате вашиот метаболизам исто така.

  • Нега на кожата

Немојте да заборавите на кожата на лицето да ѝ ја давате адекватната нега. Како и пред спиење, исто така би требало и наутро би требало да имате утринска рутина: благо средство за чистење, тонер, серум и на крај крема која хидрира, тоа е сосема доволно за вашата кожа да биде негувана, затегната и да има младалашки изглед.

 

  • Земајте витамини

Вашиот организам ќе биде здрав доколку редовно земате витамини, не само во склоп на здрави навики во исхраната, туку и дополнително, и тоа најмногу се препорачуваат Б12 за енергија, омега 3 за расположение и здрави мускули, витамин Ц за имунитет, а витамин Е за поубава коса, кожа и нокти.

Comments

comments