Посетувањето на интернет портали од забавен и информативен карактер е популарно и било уште од самиот почеток на нивното постоење. 
Сите поминуваме доста време пред нашите екрани прелистувајќи ги содржините на нашите веб – пребарувачи, а голем дел од тоа време покрај социјалните мрежи, ни одземаат токму веб сајтовите кои нудат најразлични содржини.
Кога се во прашање блоговите, тука нештата се малку поинакви, тие изгледаат многу слично на една обична веб – страна, но сепак се поинакви.

social-reading

  •  Нема да се задржуваме на опишување на нивните разлики, туку во следниов текст ќе ги прочитате следните причини зошто треба да посетувате/читате литературни блогови:

    1. Се стекнувате со информации поврзани со литературата, културата, културните настани, ги следите рецензиите кои авторите ги пишуваат и имате можност да го прочитате тоа што се објавува.
    2. Си наоѓате предлози за (нови) книги кои би сакале да ги прочитате или можеби ќе сретнете некоја која веќе ја имате прочитано па можете да споделите ваше мислење за тоа каков впечаток ви оставила.
    3. Времето поминато во читање на содржините во никој случај не е бесполезно!
    4. Учите нови работи поврзани со тоа што ве интересира кои можеби претходно не сте ги знаеле, доколку се објавувани.
    5. Имате можност да читате туѓи текстови, да ги „оценувате“ нивните трудови, да оставите ваше мислење на тоа што ќе ве заинтересира доколку сметате дека треба да стои и тоа.man-791049_960_720
    6. Имате можност да поставите секакво прашање поврзано со содржината (објавите) и да добиете одговор од авторите во најкраток можен рок, доколку прашањето вреди да биде одговорено.
    7. Можете да прочитате многу убави мисли кои ќе ве инспирираат, ќе ви дадат идеја, можеби ќе ве натераат да направите нешто кое одамна сте го посакувале, а не сте го правеле, и уште многу други позитивни инспирации и мудрости преку мисли кои ќе ги пронајдете низ содржините на еден квалитетен литературен блог.
    8. Се стекнувате со можност да споредувате различни начини на изразување, да направите разлика помеѓу содржините  на два различни блогови, си одбирате неколку омилени и ги следите доколку нивните содржини ги задоволуваат вашите читателски страсти.
    9. Се стекнувате со прилика да се запознаете со дел од „светот“ на авторот/авторите на блогот, и да ги дознаете нивните литературни преференции, да го прочитате нивниот став/критика, да ги читате нивните дела и ви останува уште да го споделите тоа со некој ваш близок кој исто така би уживал читајќи ги содржините што еден блог ги нуди.
    10. И последната причина, но не најмалку важна е тоа што: не сте ограничени во поглед на тоа кој, чиј, и колку блогови ќе следите, дали домашни или странски, вие имате потполна слобода и можност за избор, а на вас останува само да одлучите и да уживате во содржините кои ќе ги изберете!

Comments

comments