Мит број 1: Колку почесто ја кратите косата таа ќе расте побрзо

Редовното шишање се препорачува доколку сакате да имате здрава коса без испукани краеви, но тоа всушност не е во диреткна врска со брзиот раст на косата со оглед на тоа дека косата расте од коренот.
Исто така, тоа нема да влијае ни на нејзиниот волумен односно бујноста на вашата коса, затоа што тоа е условено само од генетиката.

 

Мит број 2: Подобро е косата да се суши природно, отколку со фен

Ова тврдење е релативно – доколку имате кратка коса таа побрзо ќе се исуши и сама, но ако имате долга коса се препорачува да ја исушите со фен на пониска температура затоа што долгото задржување на водата на влакната влијае на нејзината структура правејќи ја потенка и подложна на кршење.

 

 Мит број 3: Косата станува отпорна на шампон

Сигурно ви е позната теоријата дека треба често да се менува шампонот со кој ја третирате вашата коса.
Вистината е следна: долгата употреба на еден шампон за миење коса на ниеден начин не може да влијае на валкањето на косата.
Тоа што е важно е дека шампонот секогаш треба да го одбирате според типот на вашата коса.
Постојат секакви шампони, од тие наменети против првут, за фарбана коса, до оние кои се употребуваат експресно во ситуации кога треба брзо да ја измиете косата, а немате доволно време, без потреба да користите вода.

Мит број 4: Првутот е последица од сувата кожа на главата

Сите кои имаат проблеми со првутот мислат дека тој е предизвикан поради сувата кожа која се лупи, и користат различни производи на база на масло за да го решат проблемот, а цело време го постигнуваат спротивниот ефект.
Всушност, првутот е во врска со маслената, а не сувата кожа на главата.

Мит број 5: Краевите на косата можат да се поправат

За испуканите краеви се препорачуваат многу средства и козметички и природно, но за нив единствениот лек се – ножиците, сето останато е само залажување.

 

Мит број 6: Колку почесто ја миете косата, таа почесто ќе се мрси

Ова е најверојатно најраспространетата заблуда кога е во прашање негата на косата.
Меѓутоа, природата на вашата коса, како и бојата, дебелината на влакната и локните, одредена е директно од генетиката. Значи, колку често ја миете не влијае на тоа колку брзо таа се валка/мрси.
Миењето може да влијае на некои други надворешни фактори како што се изложеност на прашина, колку често ја допирате, каква фризура носите итн.

 

Мит број 7: Ако скинете едно бело влакно ќе ви израснат 2- 3 нови

Не постои веројатност дека со скинување на едно влакно ќе израснат повеќе нови, но во секој случај се препорачува да не го правите тоа ни со белите ни со останатите седи влакна за да не го оштетите фоликулот и да немате проблем со израснувањето.

 

Comments

comments