Покрај тоа што лимонадата е освежителен летен пијалок, лимонот треба да се конзумира и во зима затоа што е богат со витамини, посебно витамин Ц поради што е одличен во борбата против настинка.

Освен тоа, лимонот влијае врз здравствената состојба на целиот човечкиот организам.

Во лимонот има витамин Ц, А, Б1, Б6, фолна киселина, фосфор, манган итн.
Доколку често конзумирате лимонада ќе ги почувствувате следните здравствени придобивки:

  1.  Ги отстранува токсините од телото – Млака вода со лимон е совршен пијалок за „добро утро“ затоа што помага во отстранување на токсините од телото спречувајќи ја дијарејата. Лимонадата всушност ја зголемува потребата за мокрење и поради тоа токсините помалку ќе се задржуваат во телото, а уринарниот систем ќе биде здрав и регулиран. Чаша сок од лимон соджри помалку од 25 калории, а богат е изворот на витамини и хранливи состојки како калциум, витамин Ц и сл. Исто така има лековити и антибактериски својства и содржи и траги од витамин А.
  2. Слабеење – топла вода измешана со лимонов сок не води кон топење на масни наслаги како што многумина веруваат. Меѓутоа, водата за пиење измешана со капки лимон помага за побрзо работење на метаболизмот. Лимонот ја поттикнува хидратацијата, а тоа е многу важно за организмот и помага за ослободување на вишокот килограми.
  3. Проблеми со варењето – пектинот во лимонот е многу корисен за здравје на дебелото црево. За да ја подобрите работата на цревата, помешајте лажичка сок од лимон во чаша вода и лажичка мед. Оваа моќна мешавина ќе ве ослободи од непријатните симптоми на тврда столица. Лимонадата може да помогне и доколку имате осетлив желудник. Подобрете ја работата на желудникот и цревета после обилен или тежок облик со помош на лимонот. Помешајте сок од половина лимон и половина лажичка сода бикарбона во чаша со вода. Лимонадата спречува надуеност и делува како диуретик. Меѓутоа, доколку надуеноста трае подолго, телото сигнализира дека е време да се променат навиките затоа што лимонадата не е доволна.
  4. Го зајакнува црниот дроб – Лимоновиот сок им дава енергија на ензимите во црните дроб и создава течност која е неопходна за варење. Исто така, лимонот помага за одржување на рамнотежа на калциумот во црниот дроб и на тој начин ја спречува  тврдата столица.
  5.  Бубрежни камчиња – Со оглед на тоа дека во лимонот се наоѓа 8 % од лимонската ксиелина која позитивно влијае на работата на бубрегот и спречува настанок на каменчиња, се препорачува во текот на денот да се испие половина шолја лимонов сок растворен во седум чаши вода. Ако чистата лимонада ви е многу силна за желудникот или пак едноставно не сакате кисели напитоци, можете да засладите со мед.Foto: Shutterstock
  6. Ја регулира ph вредноста – Ако секојдневно пиете вода со лимон ќе ја смалите целокупната киселост во организмот. Иако лимонот содржи лимонска киселина тој всушност има алкално дејство и така ја намалува киселината во телото.
  7. Ги зајакнува коските и зглобовите – Со лимонадата можете да ги ублажите и симптомите на артритис, болки и вкочанетост во зглобовите. Исцедете пола лимон во чаша вода пред појадокот.
  8. Воспаление на грло – Лимонската киселина и витаминот Ц во лимонот имаат антибактериско дејство и можат да помогнат кај воспалено грло. Покрај тоа, лимонот го зајакнува имунитетот и му помага на организмот да се избори со вирусите и бактериите. Ако ве мачат болки во грлото, исцедете лимон во чаша топла вода и добро промешајте. Со оваа здрава мешавина оплакнете го грлото неколку пати дневно. Топлата лимонада исто така може да ги прочисти и дишните патишта и да ги олесни симптомите на астма и алергија. Чајот со додаток на лимон и мед прави чудо за вашето грло и дишните органи.
  9. Чиста и затегната кожа – Лимонадата помага за чистење на токсините во крвта, а покрај тоа и важата кожа ќе изгледа убав, здраво, одморено и свежо, а спречува и настанување на брчки и акни.
  10. Ја зголемува концентрацијата – Доволно е да помирисате лимоново масло за да ви се зголеми концентрацијата и будноста. За подобра концентрација измешајте лимоновсок со малку вода и загрејте го пред конзумирање.

Foto: Shutterstock

 

 

Foto: Shutterstock

Comments

comments