Целта на работилницата е развивање на креативното мислење и интелектуалното развивање на младите лица од средните училишта, студентите и на оние кои имаат афинитет кон пишаниот збор и креативното изразување.

ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“- Скопје под покровителство на Град Скопје објавува Конкурс за учесници на книжевно-поетска работилница „Есенски креативен мозаик“ .

Право на учество имаат лицата (до 35 години) кои ќе имаат можност да научат практично да ги пишуваат најрепрезентативните книжевни жанри од: поезија, проза и драма.

Модератор и организатор на работилницата: м-р Марина Мијаковска

Работилницата ќе ја водат писателите: м-р Марина Мијаковска, д-р Славчо Ковилоски и Стефан Марковски

книжевна работилница

За работилницата се предвидени четири термини (во сабота), во месец октомври 2017 година.

Работилницата вклучува креативни вежби, практично креативно изразување, дискусии, дебати и евалуација на резултатите од креативниот труд. Најдобрите дела на учесниците ќе бидат објавени во Алманах за кој е предвидена и промоција.

Место на одржување: Објект Дом на градежниците во Скопје

Рок за пријавување: 29 септември 2017

Заинтересираните кандидати (со име, презиме, број на телефон) може да се пријават на следниов контакт: [email protected]om

Comments

comments