Доколку во текот на денот немате време за дополнителна физичка активност, тогаш овој текст е за вас.
Ќе ви презентираме совети како да вежбате во текот на денот, а всушност да не вежбате. Односно, како да го активирате телото со некои работи кои сигурно ги извршувате во текот на денот.

Пешачете до работа/факултет/школо (или друга дестинација) 

Пред да започне правата есен со дождови и ладно време, искористете го сега ова време и пешачете до работа или до друго одредено место каде што треба да стигнете. Но, немојте да кратите и да одите по најкратката патека. Испланирајте го времето и пешачете доволно долго. Доколку вашето работно место/школо/факултет е прилично оддалечено од вашето место на живеење, доколку одите со кола или со автбоус или друго превозно средство, намерно паркирајте го вашиот автомобил за да имате доволно време ем да испешачите, ем да стигнете навреме. Или пак симнете се некоја станица порано доколку е тоа возможно за да го искористите времето за да ги протегнете нозете. Со пешачење се симнуваат доста калории, посебно доколку станува збор за брзо одење.

Исправете се

Кога седите или стоите потсетете се дека треба да стоите во исправена положба, па доколку седите подолго време станете и протегнете се. Рамената секогаш чувајте ги исфрлени наназад, а грбот треба да биде рамен. Доколку вашата работа е поврзана со неколкучасовно седење, и постојат услови за тоа, наместо канцелариска столица седете на топка за пилатес која нема да дозволува да се „згрбавувате“.

 

 

kauč

 Немојте да седите кога не морате

Истражувањата покажале дека луѓето со вишок килограми во просек седат два и пол часа повеќе од луѓето кои немаат проблем со тежината и затоа секогаш кога имате прилика – станете, прошетајте. Извршувајте ги работите стоејќи, немојте да седите во чекалниците. И доколку живеете во зграда со лифт, избегнувајте да се возите со него. Искачувањето на скалите е совршена вежба за нозете. Секогаш кога можете и имате енергија, користете скали, наместо лифт.

 Во маркет наместо количка земете кошница

Доколку не купувате навистина големи работи тогаш секогаш одберете корпа наместо количка затоа што самата тежина на кошницата и одењето помеѓу рафтовите претставува своевидна вежба.

Снижете ја температурата во домот

Истражувањата покажале дека оние кои времето го поминуваат на температура од 18C, трошат до 30% повеќе енергија од оние на кои м е претопло. Секако дека не треба да дозволите да ви биде преладно, но кога е посвежа просторијата ќе ви биде подобро. Кога просторијата е свежа мора да се движиме (поместуваме) за да се загрееме и тоа е целата поента околу ниската температура.

 Мултитаскинг

Правејќи повеќе работи одеднаш за да бидете постојано во движење (ова важи за работи кои не бараат целосна концентрација и кои можете да ги усогласувате). За време на гледање телевизија наместо да седите или лежите мирно на креветот, можете да правите стомачни или чучњеви, а за време на миење заби исто можете да се размрдате онолку колку што ви дозволува просторот.

Постојат уште многу активности (кои не ги спомнавме во текстот) што ги извршуваме во текот на денот, а за кои не сме свесни дека претставуваат вежби односно нивното извршување се изедначува со некој мал тренинг.
На пример, бришење на прашина во домот, чистење со правосмукалка, диплење алишта и слично, со кои се трошат доста калории.

Пред да помислите дека не сте доволно физички активни, потсете се со кои активности се занимавате во текот на денот.

Инспирација за тексот е следнава статија:
http://lifepressmagazin.com/fitness/fitnes-2/kako-da-vezbate-a-da-ne-vezbate/

Comments

comments