Во саботата, на 16 септември, на платото пред библиотеката во Гевгелија во пријатна атмосфера и пред бројни љубители на поезијата се оддржа промоција на збирката „Метрички карван: Гевгелија – Битола“ во која е застапена поезија на по 12 поети од Гевгелија и Битола.

 

Метрички карван Гевгелија-Битола

Како и во случајот со минатогодишните изданија, издавач на збирката „Метрички карван“ е библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија, додека пак, уредници беа Стефан Марковски и Дамјан Ѓуров.

Во својот промотивен говор, рецензентот Е. Клетников ја поздрави идејата за поетско поврзување на градовите, подвлекувајќи ја нејзината амбициозност и насоченост кон публиката, која пак, има можност да избира меѓу разновидни поетички определби.

Метрички карван 2017

Ефтим Клетников

Васил ТоциновскиВесна МундишевскаКатерина ГоговаРадован П ЦветковскиЈосип КоцевДаниела Андоновска ТрајковскаКирил КанговМагдалена ДелковаДамјан ЃуровСтефан Марковски„Метрички карван: Гевгелија – Битола“ е четврта по ред антологиска поетска збирка од проектот „Метрички карван“, каде се вклучени кратки извадоци од творештвото на поетите: Стефан Марковски, Јосип Коцев, Моника Игевска Ризова, Олгица Ќурчиева, Петар Јанчев, Васил Тоциновски, Катерина Гогова, Стефчо Стефанов, Томе Таушанов, Лилјана Пецова-Илиеска, Кирил Кангов и Жаклина Атанасова од Гевгелија; како и: Радован П. Цветковски, Даниела Андоновска Трајковска, Панде Манојлов, Милица Димитријовска-Радевска, Кире Неделковски, Зоран Пејковски, Весна Мундишевска – Велјановска, Михајло Свидерски, Мирјана Стојановска, Јордан Плевнеш, Никола Илијовски и Биљана Димко од Битола.

Промоција на Метрички Карван

По промоцијата во Гевгелија се очекува оддржување промоција во Битола кон крајот на годината.

Comments

comments