На Виктор Јованоски

 

Гласот на овој дом

шарен како твојата младост

силен како Џин што се подига низ оџакот

и ги варосува ѕидовите на светот

во палимпсест од желби и плач

гласот на овој дом

ведар како љубопитните очи што го стрелушат за прв пат

прашувајќи се дали е свет на заскитани сни

или само нова утроба

гласот на овој дом

туѓа воздишка и неспокојна смеа одгласува

во акорди на преклопените звучни координати

среде прозорот од чамово дрво

на кои со сопствен благослов е распнат.

palimpsest

Comments

comments