Сите оние кои првпат се среќаваат со овој начин на исхрана наречен хроно имаат некакво мислење: позитивно, негативно или неутрално. Оние кои уште на самиот старт го гледаат на позитивен начин и ги прифаќаат и учат правилата многу лесно и брзо, се оние и кои можат да се пофалат најмногу за своите резултати. Тие кои гледаат негативно на овој режим на исхрана – начин на живот, уште на самиот почеток имаат недоразбирања, потешкотии околу учењето на правилата, почнуваат, па се откажуваат, па пак продолжуваат и така се вртат во круг. И, овие вториве можат да се пофалат со резултати (но, помали) кои ги стекнале на потешкиот начин затоа што им било тешко да се придржуваат до најосновните правила. Не се придржувале од многубројни причини: што наоѓање изговор дека се немало време за готвење и пазарање намирници, работното време не им дозволува да се хранат како што налага режимот, имаат забелешки како режимот ги кошта скапо и уште други причини и доаѓаме до онаа најсвежа причина за непридржување до Хроно – дека предизвикува опасност по здравјето.

Секогаш постои можност да се најде некаков начин за правилно и здраво да се исхрануваме!

А, оние третите – неутрални си тераат некој свој сопствен режим (здрав или нездрав) кој мислат дека најмногу им одговара во нивниот живот.

Сите тие митови, анти-реклами, небулози и обиди да се оцрни овој режим на исхрана секако нема да вродат со плод затоа што постои катче каде сите овие погоренабројани се побиваат со резултатите преку слики и во бројки кои говорат многу. Самото чувство на припадност како во една заедница на членовите на групата на „фејсбук“ придонесува тие да се ангажираат повеќе околу сопствениот начин на исхрана и со самото следење и посматрање (од сенка) посакуваш да почнеш да правиш промени во својот живот или поточно изглед и општо – начин на исхрана/начин на живот.

Постојат многу прашања кои не се одговорени, а луѓето би сакале да ги знаат, постојат многу прашања кои многупати биле зборувани, а луѓето дел ги прифаќаат, а на останатите не им менуваат ништо.

Факт е дека овој начин на исхрана на Балканот не е новитет, си постоел веќе од 2003 година воведен од српска докторка Ана Гифинг која го измислува рестриктивниот период кој во првичната „верзија“ не постоел во режимот во Франција што го измислил француски доктор. И уште поточен податок е дека: доколку се следат сите правила поврзани со исхраната, временското растојание и советите за комбинирање на храната, резултатите сами по себе се неизбежни. За восхит е тоа што можат да се изгубат дури 4 кг без никаква дополнителна физичка активност (што не значи дека не треба да се практикува). И тука си важи правилото: колку повеќе килограми треба да се симнат, толку побрзо се симнуваат на почетокот.

Еве едно исксутво од една задоволна „хронерка“ која го води српскиот сајт поврзан со хроно исхрана каде што можат да се најдат совети и рецети поврзани со режимот

Ана пишува:

Веќе трета година како се исхранувам според основните принципи на хроно исхраната. Некои ствари не се променија откако чув за овој режим. Луѓето или се воодушевени или мислат дека исхраната е само за оние луѓе без деца, без работа, факултет, обврски… Дека е за оние кои немаат попаметна работа од седење во кујна и ставање слики на фејсбук.

И тогаш секогаш се потсетувам на моите први дена во редакција, кога имав постари колешки кои секое утро доручкувале со децата пред да ги остават или испратат до училиште. Секогаш имаа подготвен ручек. А, Јасна „преведувачката“ секогаш имаше и некое овошје за ужина. Веројатно не ни знаела дека таку некаде во светот постои хроно исхрана која подразбира 3 главни оброка и ужина. Најверојатно навиката ја стекнала дома каде што растела.

 

Doručak za poneti

Не оспорувам дека постојат луѓе кои имаат незгодно работно време и кои мораат да се прилагодуваат на другите, но тоа не го менува фактот дека мора да се јаде таа храна и дека храната треба да биде квалитетна и редовна, толку колку што е можно.

Кога др. Алан Делабо ги смислувал правилата, веројатно се раководел од навиките на Французите. Ни јас до скоро не знаев дека тие имаат одредена традиција. Разговарајќи со жена која живеево Фрнација дознав дека кај нив нормално е да се појадува околу 8, ручекот им е измеѓу 12 и 13, ужина околу 16 и вечерата во 20ч. Така им е и во училиштата, во фирмите со пауза за ручек попладне. Тоа им е едноставно традиција. Но, таа не се разликува многу од современиот човек и денеска, затоа што работното време е од 9 до 17ч. Ги има и оние кои не се вклопуват во тоа, но генерално секој може да има три оброка, па дури и да се прекрши „златното правило“ од 5 часа. Јас некогаш јадам на четири часа, некогаш на шест, некогаш на седум. Зависи од тоа како ми се распоредува денот. Понекогаш појадувам доцна, затоа што не сум можела поинаку. Се случувало и да прескокнам вечера – затоа што живот! Но, тогаш добивам неверојатен нагон да го опустошам фрижидерот во 3 наутро, па се трудам да не ја прескокнувам вечерата.

 

Palačinke su jako zgodne za nošenje na posao. Mogu uveče da se spreme, urolaju i spremno sačekaju doručak

Палачничките се добри за носење на работа. Можат да се спремат од вечер, да се завиткаат и спремни да го дочекаат појадокот

Вчера на пример, не можев да појадувам, ми се гадеше од храна. За ручек изедов само тиквица, а вечерта една лажичка ајвар затоа што само тоа ми беше прифатливо. И дали е тоа страшно? Не, не е. Како што не е страшно понекогаш да се изезде нешто што не се вклопува во основниот режим. Важно е да се променат навиките и да се навикнеш себеси на редовна и хранлива исхрана, да се исфрлат бескорисните грицки, огромни количини на благо, слатки напитоци, прекумерна количина леб, тесто и компир. И поради тоа човекот во почетокот мора да биде дисциплиниран. Не мора да биде роб или робот туку да ги исфрли работите што му штетат и да се научи на ред. Затоа што на повеќето тој ред им фали во животот. А, кога поединецот ќе сфати дека нормалната исхрана му постанала рутина ( а, ова е нормална исхрана), тогаш себеси понекогаш си дозволува „прекршоци“, како што јас себеси понекогаш си дозволувам пица кога не ѝ е време.

Исто така, не морате да поминувате часови во кујната. Лебот го спремате кога имате време. Сега барем на секој чекор во сите поголеми градови можете да купиме пецива кои ви одговараат.

Kupovni hleb od 100% integralnog brašna bez kvasca

Купечи леб од 100% интегрално брашно без квасец

Исто така, не мора да се готви различно за сите членови во фамилијата, секогаш постојат јадења кои сите ги јадат. Некој покрај месото ќе јаде салата, некој со компир. И не мора да се готви секој ден. Разновидноста во исхраната секогаш треба да биде приоритет, но не верувам дека некому ќе му фали нешто доколку истиот ручек го јаде неколку дена. Исто така, сите ние во близина на работното место или домот имаме некоја кафана во која можеме да купиме јадење, а да побараме да се приготви како што нам ни одговара.

Секоја исхрана не е за секого, не треба сите да јадат исто, не мораме да им робуваме на сите правила, но не гледам зошто е и како е невозможно некој (барем поголемиот дел од времето) да има редовни оброци. Освен, ако не се парите во прашања, тука нема дискусија.

Не мора човек да биде на хроно, постојат толку други, здраворазумски пристапи во исхраната, но кај поголемиот дел од нив редовноста и умереноста е главен адут.

И повторно, главните правила се многу едноставни:

  1. Појадокот треба да биде најбогат (најобилен), не мора да биде огромен, туку силен и заситувачки
  2. Ручкот треба да содржи квалитетен протеин и зеленчук
  3. Ужината се јаде помеѓу ручекот и вечерата, предност имаат овошје, јаткасти плодови, црна чоколада (со 70% какао)
  4. Вечерата треба да биде едноставна и лесна (риба, бело месо, морски пловоди по препорака на др. Делабоа) и зеленчук што не содржи скроб

Дали до крајот на вашиот живот ќе биде баш секој ден почитувајќи ги овие правила? Не, животот нас не ни дозволува секоја секунда да ја испланираме. Но, ако поголемиот дел од времето се придржуваме, не верувам дека ќе ни биде лошо.

И месото, дефинитивно не мора да се јаде секој ден.

Ова е искуството на Ана Чубела која успешно го води српскиот портал од каде е преземен нејзиниот текст: http://hronokuhinja.rs/da-li-morate-da-budete-rob-ili-robot-da-biste-bili-na-hrono/

Comments

comments