Една мала есен само што

не е смртно ранета.

Лисјата ги поднесуваат

своите последни

исповеди кон светлото небо

и повторно љубат земја.

Сонцето немилосрдно ги

крштева голите ридови со

прва причесна.

setting_sun_over_mountain_landscape_by_jjpeabody-d86u77k

 

Роеви мравки и бубалки

во паника јужно ги следат птиците,

јалов ветар опседнува облаци,

се спрема дожд и

стравувам дека

громовите ги изгубија компасите.

 

Само бунт се крева

против речните водотеци,

осилата одамна

заборавија на последните

презреани смокви.

Ги собирам паднатите копја и зазимувам.

Comments

comments