Во денешно време со овој брз начин на живот и темпото со кое живееме, многу малку време имаме за да седниме и да размислуваме за подетално за некои работи. Се будите, ги извршувате обврските што треба да ги завршите во текот на денот, се гледате со пријателите или го поминувате денот читајќи книга, гледајќи филм или занимавајќи се со други забавни активности.
И потоа, дур да трепнеш дошло токму време за да си легнеш да спиеш и тоа е она мало делче од денот кога се прашуваш себеси колку успешно си ги завршил обврските, па потоа сметаш дека си можел да бидеш попродуктивен и денот да ти помине поинаку.

Како да направиш целиот ден да ти биде поквалитетен и исполнет со продуктивни активоности?
Прво да ставиме до знаење дека „продуктивни“ активности се оние кои влијаат врз подобрување на квалитетот на животот, кои помагаат да „пораснеме“ како индивиуди или зрели личности кои не зависат од никого ниту материјално ниту на било каков друг начин. За да станеме потполно зрели и исполнети/целосни личности треба да направиме некои мали промени во нашите дневни рутини, да ни прераснат во навики и тие квалитетни навики да ги негуваме постојано и да се држиме до нив.
Во продолжение прочитајте кои здрави „навики“ или „акитвности“ ги препорачуваме кои треба да ги преземете за да бидете продуктивни во текот на денот:

    • Создадете листа на приоритетни работи што треба да се извршат
      Тоа значи дека треба да ја креирате вашата листа претходната вечер или утрото штом се разбудите за да ги организирате активностите кои се приоритетни за нив да ги извршувате најпрво, а потоа сите останати. Вашата листа не мора да ја пишувате рачно, со денешната технологија „to do“ листите можат да бидат направени на вашиот смартфон, таблет или компјутер. Листата може да биде подолга и поопширна или пократка, во зависност од вашите потреби.
    • Вежбајте го вашиот мозок да биде постојано активен и за да имате „бистар ум“
      Читајте, играјте логички игри, учете нов јазик кој не го знаете или усовршувајте го тој кој не го знаете целосно, и учете нешто ново секојдневно. Важно е вашиот мозок постојано да биде активен, но тоа не значи дека треба да биде премногу оптеретен. Индивидуа која има здраво тело и здрав дух е попродуктивна во глобала. Негувајте го вашето тело заедно со вашиот ум, грижете се за нив подеднакво, чувајте ги како што треба за да ве служат и потоа сте спремни да бидете продуктивни и да им „скокнете“ на вашите обврските извршувајќи ги со леснотија.
    • Грижете се и за вашето тело
      Како што спомнавме и погоре, покрај мозокот и телото како ваш најсигурен „дом“  треба да го одржувате здраво, активно и негувано. Одвојте барем еден час во денот за да посветите целосно внимание на самите себе, вклучувајќи ја тука и грижата за телото. Почнувајќи од здрави хигиенси навики, пилинзи, маски, релаксирање, медитација или јога, до редовна физичка активност (било да е трчање, пливање, или вежбање на некои справи или аеробик или пилатес) за да ги одржувате здрави и активни вашите мускули, да имате подобра циркулација, а со тоа и здрав дух. Телото ќе ви биде благодарно и ќе ви се заблагодари со позитивен фидбек – ќе имате повеќе енергија, вашето расположение ќе биде подобрено, ќе имате нормален крвен притисок и слични придобивки.
    • Вреднувајте го вашето време и научете се да кажете „не“
      Одредете во кои работи сте подобри, а на кои треба да поработите за нивно подобрување
      Бидете активни и поефикасни во тоа што го правите. Убаво посматрајте кои активности во текот на денот колку време ви одземаат и запишете. Можеби ќе увидите дека премногу време поминувате „листајќи“ на фејсубк или на друга социјална мрежа која често ја посетувате. Бидете искрени кон себеси, и ветете си дека доколку претходно (кога сте биле помалку продуктивни) сте поминувале по 4 часа на фејсбук во текот на денот, сега ќе поминувате по 2 часа, а потоа ќе посветите внимание и на други поважни обврски. Доколку вашиот проект треба да биде сработен навреме, наместо 1 час, посветете му 2 или 3 часа повеќе за да бидете успешни во неговото извршување. 
    • Носете правилни и мудри одлуки
      Секоја ваша активност или одлука мудро размислете ја пред да ја донесете. Без оглед дали станува збор за некоја поприритетна одлука или подолготрајна одлука или кратко решение, обавезно рагледајте ги можните причини и последици за носењето на вашата одлука. Нека биде правилна и мудра според вас, а вие самите најдобро знаете која одлука е најправилна за вас.

Comments

comments