Дали знаевте дека љубовта спрема читањето може да го заштити мозокот од Алцхајмерова болест, да го намали влијанието на стресот на вашиот организам, да го зајакне позитивното размислување и да ги зајакне пријателските врски? На следниве 10 начини прочитајте како со читањето се зајакнуваат нашето тело и дух.

1. Читањето го подобрува помнењето

1

Читањето на мозокот му дава целосно поинаков третман отколку гледавањето телевизика или слушањето радио. Без оглед на тоа дали читате посложена литература или упатство за употреба на некој куќен апарат, деловите од мозокот кои се задолжени за функциите како што се вид, јазик и учење по пат на асоцијации се поврзуваат во единствена невронска мрежа која е специфична за активноста читање што допринесува за бројни придобивки за мозокот. Др Кен Пју, директор на истражувачка лабораторија вели дека оваа навика го стимулира нашиот мозок и поттикнува на размислување и позитивно влијае на концентрацијата.

2. Читањето е добро за рекреација

Еден од трендовите на современото вежбање е вежбање со книга (на траки за трчање, собен велосипед). Книгата ни го задржува вниманието додека вежбаме, според “Weight Watchers” списанието, и на тој начин подолго можеме да се задржиме на справите за вежбање и својот тренинг да го направиме поефикасен. За ваквиот вид на вежбање, се препорачува да се води правилна грижа за положбата на рамената и вратот.

3. Читањето го подмладува мозокот

3

Неодамна спроведената студија на еден универзитетски медицински центар покажала дека со читањето можат да се „избришат“ неколку годидни од староста на нашиот мозок.

Возрасните кои своето слободно време го поминуваат во ангажирани и креативни и интелектуални предизвикувачки активности (како што е читањето) за околу 32% имаат пониска стапка на опаѓање на когнитивните функции подоцна во текот на животот.

„Предизвиците за мозокот го прават поефикасен, така што ја менуваат неговата структура за да може да функционира правилно наспроти невропатологијата која се поврзува со годините“, објаснува доктор Robert S. Vilson, професор по невропсихологја од универзитетски медицински центар.

Уште една студија открила дека возрасните кои редовно читаат или играат игри кои бараат ментална активност како на пример шах или сложувалка, за околу 2 и пол пати помалку заболуваат од Алцхајмерова болест, пренесува “ABC News”.

4. Читањето може да го намали стресот

Со читање на омилената литература може да се намали нивото на нездрави хормони на стресот како кортизол, пренесусваат од “Weight Watchers”.

Во едно истражување спроведено во Велика Британија, учесниците биле изложувани на активности со кои им била предизвикувана анксиозност, а потоа неколку минути читале, слушале музика или играле видео игри. Нивото на стрес на оние кои читале паднал за 67%, што е значајно повеќе во однос на оние кои слушале музика или играле видео игри.

5. Читањето го зголемува фондот на зборови

5

Иако поголемиот дел од нас одамна излеговме од школските клупи, денес широко распространет е ставот дека процесот на образование може да се одвива непрекинато низ целиот живот. Така и со читањето може да се прошири фондот на зборови со кои располагаме. Истражувачките проценуваат дека околу 15% од сите зборови кои ги учиме во текот на животот, ги учиме по пат на читање, пишува “Scholastic”. Ова е особено важно за децата, чиј фонд на зборови е во директна и силна поврзаност со книгите кои ги читаат.

6. Читањето ја подобрува емпатијата

Приказните кои ги читаме ни овозможуваат перспективи кои можат да ни го променат животот, сметаат истражувачите.

Станувајќи дел од животите на ликовите се зголемува способноста за разбирање на туѓите емоции. Посматрајќи го светот со очите на Оливер Твист, на пример, може да ни се гледаат блиски проблемите со кои се соочуваат напуштените деца.

7. Читањето може да помогне во дефинирање на животните цели

7

Читањето за некој кој ги надминал проблемите и препреките на патот кон својата цел и ние самите можеме да бидеме поттикнати да ги дефинираме и оствариме нашите цели, сметаат истражувачките од универзитетот во Охајо.

Доколку би сакале покачување, ликот од книгата кој има исто такво барање од шефот може нас да нè поттикне да го направиме истото. Колку повеќе се идентификуваме со ликовите и нивните искуства, толку е поголема веројатноста дека тие ќе не поттикнат на дејствување.

8. Читањето помага да се чувствуваме меѓусебно поврзани

Кога се идентифкуваме со ликовите во книгите можеме да го доживееме чувството на поврзаност со другите луѓе, наведуваат истражувачите. Со други зброови, читајќи одредена книга, нејзината тематика ни овозможува да ги гледаме работите од поинаква перспектива.

9. Читањето може да нè расположи

9

Приказните со среќни краеви секако можат да нè развеселат, но и различните приказни во книгите кои ги следиме и на суптилен начин можат да предизвикаат позитивни чувства. Дури и понезачајните случувања можат да ни предизвикаат убави спомени. На пример, ако главниот лик во книгата оди на плажа, и ние можеме да се присетиме на сопственото одење на плажа каде што сме уживале.

10. Читањето ни помага да заштедиме

Просечната цена на книгите кај нас се движи од 200 до 1000 денари. Во просек потребни се шест часа за да се прочита книгата, кажуваат од  “Weight Watchers”.

Во споредба со неколку одења во кино, одење во забавен парк или неколку вечери во ресторан – читањето е многу поефтино, а односот на вложените пари и задоволството кое купувачите го чувствуваат одат во прилог на читањето.

А, тука е и градската библиотека, што значи дека трошоците за читање можат да бидат навистина симболични, а придобивките, очигледно, немерливи.

Кога сме кај читањето прочитајте ја и оваа наша статија поврзана со читање: http://zenica.mk/2017/04/01/%D0%B7%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%BE-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B5%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D1%87%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BC%D0%B5/

Comments

comments