Младото момче кое повеќето можат да го препознаат како финалист на македонското шоу „Кастинг талент шоу“ кој имаше улога во мјузиклот „Тајно Моја“ во продукција на МОБ, во чест на Тоше Проески полека го остварува својот музички сон.

Дека успесите на Симеон не завршуваат тука, сведочи и неодамнешното добивање на првата награда на Меѓународниот фестивал за нови песни „Златен Костен“ во Бугарија. Тој ги освоил симпатиите и на публиката, но и на жири комисијата и сосема заслужено му беше доделена првата награда.

Од вкупо 14 пејачи од 5 балкански држави, со изведба на песната „Најмила“ комплетно дело на Владимир Дојчиновски, со која неодамна доби награда за најдобар дебитант на Охридфест. 

На финалната вечер присутна била и бугарската ѕвезда Гери Никол која не ги криела своите симпатии кон Симеон.

На следново видео можете да го проследите неговиот настап:

Ние се надеваме дека Симеон нема да застане тука и дека ќе остварува уште успеси на музички план, затоа што поседува квалитет и има сè што е потребно за да биде успешна музичка ѕвезда.

Му посакуваме уште поголеми успеси под музичкото поднебје, затоа што ова момче ги заслужува.

Comments

comments