Книгата е  посветена на животот и делото на поранешната директорка на државниот Завод за статистика која воедно беше  еден од најдобрите стручњаци во статистичката наука во Македонија, Светлана Антоновска.
Нешто повеќе за неа: Светлана Антоновска (Белград, 6 април 1952 – Скопје, 7 октомври 2016) — македонски општественик, научник, политичар и долгогодишен носител на повеќе општествено-политички функции, основоположник на современата статистика во самостојна Република Македонија и прв директор на македонскиот Завод за статистика по осамостојувањето на државата, односно по напуштањето на Југословенската Федерација.


Официјалната промоција на монографијата е  на 6 октомври годинава, во Салонот 19:19, со почеток во 19:30 часот

На официјалната фб страна за промоцијата го пишува следново:

Промотори: Ристо Лазаров, поет, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова и Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија

Поздравно слово: Апостол Симовски, в.д. директор на Државниот завод за статистика

Интерпретација на стихови за Антоновска: Благој Чоревски, актер
Музичка програма: Христо Стојаноски (пијано) и Пламенка Трајковска (виолина)

Премиерна проекција на видеопортрет на Светлана Антоновска

Модератор: Кирил Ангелов

 

Во досегашниот период, делата на истакнатиот општественик, политичар, статистичар и научник Светлана Антоновска и нејзиниот општествено-политички и професионален, односно научен ангажман не се целосно валоризирани во нашиот општествен простор иако за многу од нив временската дистанција од мигот кога биле најактуелни до миговиве што ги живееме не само што го овозможува, туку и го изискува тоа. Оваа монографија е прво дело во коешто е опфатен севкупниот период на нејзиното работење и дејствување, од нејзиното рано општествено-политичко ангажирање во седумдесеттите години на XX век па сѐ до последните години од нејзиниот физички живот.

Во монографијата е поместена и збирка на искажувања за Антоновска од нејзините современици – колеги и соработници од Република Македонија и од странство, преку која не само што се добива целосна претстава за ликот и делото на оваа значајна личност, туку и се доаѓа до сознанија и за на јавноста помалку познати, а клучни настани од поновата историја. Потем е поместена и селектирана библиографија на Антоновска.

Монографија, покрај тоа што овозможува детална опсервација на ангажирањата, достигнувањата и резултатите на Антоновска, не претставува само подетален хронолошки приказ на значајни настани од нејзиниот општествено-политички и професионален пат, туку и „канал“ преку кој во нашата современост ќе се пренесе нејзиниот глас, став и визија од различните периоди на нејзиното дејствување и работење.

Промоцијата на „СВЕТЛАНА АНТОНОВСКА – МАКЕДОНСКАТА ЧЕЛИЧНА ДАМА“ претставува одбележување на 65-годишнината од раѓањето и на 1 година од прераното физичко заминување на оваа значајна личност на македонскиот XX век.

Korica-Svetlana-Antonovska1-e1506676284365

Comments

comments