МОТ

Домот за девојчиња секогаш беше како недостижен замок. Вратите и прозорците имаа илјадници видови огради, брави, бариери, со дебели стакла и чувари што апсеа на влезот. По влезната врата започнуваше женски свет во кој беше забранет влез за кој и да било маж. Махин, мојата девојка и актерка од моите последни претстави – и веројатно актерката што ја игра улогата на управникот – кој живееше во универзитетскиот дом цела година, вели: „Ако требаше да дојде мајстор да ја поправи климата , пред да излезе, тоа го објавуваа на разглас на следниов начин: ‘Драги девојки, ве молиме ставете го вашиот хиџаб, маж сака да дојде горе’“. Во една ваква ситуација, еден ден, една девојка известила дека слушнала маж во една од просториите. Ова е појдовната точка на оваа претстава.

Вечерва во рамки на Младиот Отворен Театар со почеток во 20 часот во МКЦ ќе имате прилика да ја проследите 70-минутната претстава „Сослушување“ по текст и режија на истакнатиот ирански театарски режисер Амир Реза Кухестани.

Играат: Mona Ahmadi, Ainaz Azarhoush, Elham Korda, Mahin Sadri

Сценограф/Set Designer: Amir Reza Koohestani
Костимограф и реквизита/Costume Designer and props: Negar Nemati
Дизајнер на светло/Lighting Designer: Saba Kasmaei
Дизајнер на звук и музика/Sound Designer and music: Ankido Darash
Видео/Video: Ali Shirkhodaei
Асистент на режија/Assistant Directors: Mohammad Reza Hosseinzadeh
Асистент на сценографија/Assistant Set Designers: Golnaz Bashiri
Асистент на костимографија/Аssistant Costume Designers: Negar Bagheri
Втор асистент/Second Assistant: Mohammad Khaksari
Инспициент/Prompter: Mohammad Reza Najafi

 

Comments

comments