Три романи од Божин Павловски преведени на српски јазик

Во издание на издавачката куќа „Арка“ од Смедерево, деновиве излегоа од печат романите: „Рогот на љубовта“, „Градинар, пустина“ и „Америка, Америка“ од познатиот македонски писател Божин Павловски. Делата на српски јазик ги преведоа Ристо Василевски и д-р Лилјана Стеиќ. Изданијата се проследени со инструктивни поговори од Миќа Цветиќ, Ефтим Клетников и Душан Стојковиќ.

Според соопштението на издавачот, во текот на ноември ќе бидат одржани повеќе промоции на трите романи на акад. Божин Павловски во Белград и во некои други градови на Србија, на кои за нив ќе зборуваат истакнати српски книжевни критичари.

Божин Павловски (Жван, 1942) е автор на деветнаесет романи кои се високовреднувани од критиката. Негови дела се преведени на: француски, руски,украински, италијански, англиски, албански, бугарски, српски, словенечки, полски, чешки, турски и на грчки јазик.

За својот богат прозен опус Павловски е добитник на повеќе национални и меѓународни книжевни награди.

Comments

comments