„Забранета магистратура“ е дело на Александар Попоски во кое што тој го раскажува искуството во подготвувањето на неговиот магистерски труд на Економскиот факултет.

Иако пријавените тези биле успешно одбранети на Економскиот факултет на 26 декември 2014 година, сепак, целосното истражување во голем дел било цензурирано и преполовено. Од истражувањето се отстраниле многу составни делови, истражувачки стории, пет студии на случај кои ги поткрепуваа тезите на истражувањето, како и сите материјални докази кои биле ставени како прилози на магистерскиот труд и студиите на случај, за кои тој сметал дека се од национално значење.

Во книгата е дадена теоретска и практична подлога на појавите на системски ризик и финансиски кризи во различни економии, политики и механизми за справување со системски ризици и финансиски кризи, политики и модели за враќање на солвентноста во економијата, банкарски санации во повеќе земји од светот со различен степен на финансиско-правна и политичко-демократска развиеност, како и санацијата на банкарскиот систем во Република Македонија и улогата на целокупниот правен систем и институциите на државата преку анализа на повеќе студии на случај од македонската економија.
Конкретно, се работи за книга која опишува делови од процесите на македонската транзиција и фамозната приватизација, поточно на еден феномен кој во книгата е дефиниран како „паралелна приватизација“ во Република Македонија која се појави како резултат на санацијата на банкарскиот систем по нејзиното осамостојување, слабите правно-судски институции и основањето на Aгенцијата за санација на банки, која го презеде управувањето со повеќе од 400 општествени претпријатија. Или како што ќе каже еден народен пратеник во законодавниот дом: „Синонимот на македонската трагедија во овие дваесетина години“.

Иднината, вели авторот, останува на младите, а тоа не значи и не подразбира наше исклучување од сегашноста, ниту какви било опструкции за истражување на минатото.

Книгата ќе биде промовирана во четврток, 19.октомври во 18 часот во „Александар Палас“.

zabranetata-magistratura-1170x838

Comments

comments