Прашалник за навики за читање книги и префернција на литературен жанр

Здраво почитувани читатели,
во тек е подготовка на истражување за кое ни се потребни дополнителни испитаници (по можност студенти или веќе дипломрани до 26 годишна возраст) кои ќе одвојат малку од нивното слободно време и ќе го пополнат прашалникот (скала на согласување).
На следниот линк можете да стигнете до прашалникот: линк
Прашањата се лесно разбирливи, се однесуваат на вашите читачки навики и поврзани се главно со читање книги. Одговарањето нема да ви одземе повеќе од 10 минути, прашањата немаат точни или неточни одговори и се однесуваат на вашиот степен на согласност со одредено тврдење.

Би ви биле бескрајно благодарни доколку земете учество во истражувањето, а после спроведувањето ќе ве известиме за добиените резултати кои се однесуваат само на испитаници во Р.Македонија.

Би ни било драго доколку и вие придонесете за собирањето на потребните податоци со вашето учество пополнувајќи го прашалникот.

Ви благодариме на соработката,

тимот на Зеница

Related Posts

Поддржете не' со клик на Like копчето ↓

Ни значи вашата поддршка 🙏🧐


This will close in 59 seconds