Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбените салони – Империјал 1и 2, четврток, 19 октомври 2017, во 20:00 часот ќе се отвори Јубилејната изложба – 30 Години ликовно творештво на Горјан Ѓорѓиев. Изложбата ќе биде отворена до 30. 10. 2017.

 

 
За авторот:

Горјан Ѓорѓиев е роден 1965 во Скопје. Дипломирал на Академија за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, 1987 год. Член е на ДЛУМ од 1988 год. Учествувал на многу перформанси, групни изложби и ликовни колонии во земјава и  странство. Живее и работи во Скопје.

Реализирал 17 самостојни изложби ( Македонија, Србија, Црна Гора, Франција ).

За оваа изложба авторот ќе каже: „Пред се, имам огромна потреба во живо да прикажам  слики кои се моменти на едно дневно или неделно опседнување со пријатна размисла во моето себство…“ „Чувствувам дека со луѓето кои ги сакаат и поседуваат моите дела имаме слична животна фрекфенција и дека живееме за љубовта, радоста и креацијата во сите области“.

„И покрај големата толеранција кон сите оние што се на спротивната фрекфенција… овој пат нека го изостават своето присуство“.

Дел од таа љубена публика авторот ќе ја дарува со свежа графика на која се интервенира „on the face of place“.

Comments

comments