Издавањето и промоцијата на книгата “Граници во сонот” од Илија Карајанов успешно завшри.
Промоцијата се одржа на 19.10.2017 година (вчера) во хотел Аполонија во Гевгелија. Промотор беше Ефтим Клетников, модератори беа Стефчо Стефанов и Жаклина Атанасова. За музичкиот дел се погрижија Дуо Гелебешеви.

Македонскиот поет, есеист, книжевен и литературен критичар, есеист и преведувач, Ефтим Клетников во неговото излагање истакна дека „миговите се тие кои ја носат вечноста“. Понатаму, давајќи осврт на делото „Граници во сонот“ спомна дека зен – будистчкиот стил одлично е вклопен во содржината и дека претсавува една карактеристика на извонредните поети. Исто така, Клетников истакна дека „задача на човекот е да гради култура“. Беше спомнат и Јунг со неговиот архетип. „Поетот се бори и задачата на поезијата е да ја брани културата од варвраство“ – нагласи Клетников.

Клетников го опиша Илија Карајанов како „извонредно интелектуална и начитана личност“. Потоа беше спомната мисла од Елиот која гласи: „Традиција на човекот е целокупната светска литература“. Понатаму, во излагањето, промоторот како централни поими во „Граници во сонот“ ги спомена: вистината, убавината и врвот. На прашањето што е поезија, беше спомената мислата од Хајдегер која гласи дека „Поезијата е ракопис на битието“. Песната како свеченост (празник) на интелектот, во смисла дека треба да се потпира на духот односно на културата. Светлината е издвоена како главен поим, а нејзина метафора е сончогледот.

За ова потсхумно дело беше кажано дека е негов тестамент (тестаментно дело).

На промоцијата, учество со свои дела зедоа и истакнати членови на ДПМ кои кажаа мисли упатени кон Карајанов, автобиографски и насочени за неговото творештво, работа и дело. Беа прикажувани и негови слики од неговата домашна архива, како и краток видео инсерт со силна порака која сведочи за големината и творешгтвото на овој човек и неговата значајност во македонската книжевност.


Comments

comments