Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје го објави конкурсот за наградата „Бели мугри“. Ракописите под шифра треба да се достават на адресата „Димитрија Чуповски“ бр. 20А, поштенски фах 173, 1000 Скопје, а со назнака: За конкурс за поетска збирка, најдоцна до 17 ноември 2017 година.

 дом на култура кочо рацин

На конкурсот може да учествуваа сите автори кои ги исполнуваат следните пропозиции:

-поетската збирка да создржи најмногу 1200-та стихови;

-да е напишана на македонски јазик;

-да не е објавена претходно;

-право на учество имаат сите автори до 35-годишна возраст;

-ракописите треба да се достават во 3 примерока под шифра (а во посебен запечатен плик да се достави шифрата, името и презимето на авторот, ЕМБ и телефон за контакт);

-стручното жири ќе ги откупи авторските права во вредност од 30 000 денари, а предвидено е и печатење на наградената стихозбирка и промоција на истата.

Досегашни добитници на наградата „Бели мугри“ се поетите: Маја Апостолоска, Жарко Кујунџиски, Елена Пренџова, Снежана Стојчевска, Звонко Танески, Марта Маркоска, Марина Мијаковска и Стефан Марковски.

Comments

comments