Секој работен ден, почнувајќи од 30 октомври во 20:40 часот на телевизија Телма ќе се емитува најновата македонска ТВ серија „Инсајдер“, според сценарио на Сашо Кокаланов и режија на Игор Иванов – Изи.

Инсајдер

Инсајдер обработува деликатни теми од актуелната стварост преку случките на редакцијата на истоимениот неделен магазин што се занимава со истражувачко новинарство, во часот пред да се финализираат насловите кои ќе се печатат во новиот број, под притисок на времето и разни надворешни како и внатрешни фактори.

Инсајдер

Пресликаната тензија од секојдневната работа на медиумите се нагласува особено во првата епизода со веста дека „Инсајдер“ се затвора. Но, тоа беше само почетокот кој ги исполни очекувањата како на широката јавност, така и на сите присутни на ексклузивната претпремиера на првата епизода, која се одржа неколку дена пред емитувањето на серијата на малите екрани.

Инсајдер

„За нас беше навистина тешко кога работевме затоа што знаевме дека на крајот ќе се соочиме со новинарската фела, која е примарната публика што ќе има потреба да се идентификува со она што ние се обидуваме да го создадеме. По првата проекција сум навистина задоволен затоа што реакциите на вашите колеги беа одлични“ - изјави режисерот Игор Иванов – Изи.

Покрај него, серијата ја режираат и режисерите Даријан Пејовски, Вардан Тозија, Дина Дума и Марија Апчевска, а покрај Кокаланов, во создавањето на сценариото за серијата учествуваат и Елеонора Венинова, Драгана Лукан, Марина Трајковска и Стефан Марковски.

Во актерската екипа на „Инсајдер“ се вклучени: Светозар Цветковиќ – Цвеле, Дејан Лилиќ, Силвија Стојановска, Јордан Симонов, Ѓорѓи Нешковски, Ана Стојановска, Ирена Ристиќ, Јордан Симонов, Сања Арсовска, Горан Ников, Сашко Коцев, Драган Спасов – Дац, Васил Зафирчев, Милан Тоциновски, Славиша Кајевски, Трајче Ѓоргиев и други.

Comments

comments