Куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце – порта највисока,
срце – куќа најширока.

Рацин

 

Во градот на Рацин, на 2 и 3-ти ноември, со „широко отворени шимшир порти“ во велешката и македонска културна ризница по 50-ти пат, ќе се влеат нови поетски и ликовни дела, како одраз на креативното литературно и ликовно творештво на младите рацинови следбеници.

Стотина гости  писатели ,ментори и ученици ќе бидат гости на јубилејните „Детските Рацинови средби“ во Велес.

Писателите Горјан Петревски, Киро Донев, Стојан Тарапуза, Ксенија Маказлиева, Ванчо Полазаревски, Стефан Марковски, Филип Димковски, Јадранка Клисарова и членовите на Клубот на писатели се дел од Поетскиот караван во општинските училишта и градинката.

Сликарот и хуманист Живко Поповски Цветин заедно со наградените ученици и ментори од Скопје ке допатуваат  во Велес со „Возот на цвеќето“ создавајќи патека на цвеќето и мирот во чест на јубилејните „Детските Рацинови средби“.

Велес живее со„Детските Рацинови средби“  а другарувањата продолжуваат и за цел живот оставаат вредни пријателства и спомени достојни за сечија почит.

Манифестација која го негува литературното и ликовното творештво кај најмладите и е единствена државна манифестација која се одржува во нашата држава во континуитет.

Да ги споделиме заедно моментите на детската среќа, другарување и радост од успехот, кој е награда и вреднување за најдобрите литературни творби и ликовни дела.

Оваа година учениците од 6 одделение до 2 клас средно образование твореа на тема „ Мојот град -моја инспирација“ во чест на Рацин. На двата конкурса пристигнаа голем број творби и жири комисите имаа навистина тешка и одговорна задача да ги одберат најдобрите.

Гранд-при: Марија Андевска 9  одд ООУ „Аврам Писевски“ с. Бардовци, Скопје

Ментор – Матилда Бајкова

Гранд-при: Бранкица Чучурска 1 клас ОСУ„Ацо Русковски“  Пехчево

Ментор:Слободан Пандов

50 детски рацинови средби

Организатори на Јубилејните „50-ти Детски Рацинови средби“ се Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ – Велес и Општина Велес.

Comments

comments