Од Македонија до Хрватска

Во проектот Balkan Booster учествуваат млади луѓе од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Во првата етапа од проектот на терен одат тандеми составени од новинари и активисти. Меѓусебно се посетуваат и минуваат една недела во местото на својот домаќин.
Во втората етапа од проектот писатели и карикатуристи откриваат за нив непознат град.

Формирани се седум тандеми (парови) кои треба да престојуваат во град кој не го посетиле, да ја запознаат неговата историја, култура и традиција. Треба да бидат создадени приказни кои ќе чекаат да бидат прераскажаувани и секој на свој начин да успее да го прераскаже сопственото искуство.

Во еден од тандемите, вклучен е и македонскиот писател Стефан Марковски, кој заедно со неговата колешка Жељка Хорват Чеч е во посета на Грачаница, Косово.

 

Друг тандем е составен од Марко Касељ, студент по културологија и коосновач на музичкиот портал Миксета од Винковци и Александар Нововиќ, еколошки активист од Подгорица.

Во следниот тандем активистката Леила Шепер во Бања Лука го пречека новинарот од Кичево, Арбер Бајрами.


Азем Куртиќ од Сребреник и Леа Котлица во Нови Сад се уште еден тандем кој е задолжен за да ги открива приказните во местото на живеење на другиот.

Писателите Јована Георгиевски од Пирот и Орланд Новаку од Тирана заедно го откриваат Вуковар.


Младата карикатуристка Александра Најдовска од Демир Хисар и новинарката Суадела Балиу од Тирана заедно го откриваат Нови Пазар.


Карикатуристот Филип Андроник од Сараево и Блерина Рогова Гаџа од Приштина заедно ќе ја откриваат Битола.

Балканот за некого е културолошки поим, за некого геополитички, а за некого – навреда. За нас тој е полн со приказни. Затоа во проектот Balkan Booster испративме млади луѓе од регионот да ги побараат и да ви ги раскажат. – пишуваат во воведниот дел од официјалната страна на Deutsche Welle.

Comments

comments