Донирајте ја зимската јакна која повеќе не ви треба и фаќа место во плакарот во Нано бар во Скопје или закачете ја на било кое дрво низ градот, за да може да ја земе некој на кој му е потребна.
На Фејсбук се појави граѓанска иницијатив чија цел е да се соберат што поголем број зимски јакни наменети за социјално загрозените граѓани и оние кои се прунудени најстудените денови и ноќи да ги поминат на улица затоа што немаат каде.

Акцијата наместо да започне од 4 декември сега ќе почне на 6ти декември во Нано Бар.

„Дојдете ќе ни биде големо задоволство ако присуствувате. Се менува локацијата поради наведените снегови и дождови – па собирањето на јакни на Улица Македонија не е баш изводливо“Дел од јакните ќе ги закачиме на дрвјата на Улица Македонија како и што е идејата (останува иста), за да помогнеме но воедно и за да ја дигнеме свеста кај луѓето. Дел од јакните ќе ги донираме на социјално загрозените луѓе и бездомниците. Ќе ни биде огромно задоволство доколку сте во можност да присуствувате. Ви благодарамизвестуваат организаторите на настанот: 

https://www.facebook.com/events/192764627956695/?active_tab=discussion

Како што порачува и самиот наслов на фб настанот: „На секој му треба топлина – Стопли Срце“ – донирајте една јакна за да стоплите барем едно срце. Тој мал хуман гест некому ќе значи премногу оваа зима.

Comments

comments