Во просториите на Македонското културно друштво „Илинден“ од Риека на 9-ти месецов во соработка со Хрватското книжевно друштво од Риека и книжевната манифестација „Денови на пријателите на книгата“, се оддржа отворањето на традиционалниот и тековен настан „Денови на македонската култура“ во Риека, Р. Хрватска.денови на македонската култура во риека

мкд илинден 2

ивона дуноски митевОтворањето започна со обраќање на Ивона Дуноски-Митев од МКД „Илинден“ од Риека, по што следеше промоција на делата на хрватските автори Ана Дудиќ, поетската збирка „Егзотика на тебе и на боите“ и романот на Анте Грегор Јурин – „Пилот од Јадранот“, како и на две книги од македонскиот писател Стефан Марковски. Првата, збирката раскази „Смртта долетува насмевната“ е наградена со „Книжевно перо“ за книга на годината вон изданијата на ХКД, како и со наградата „Крсте Чачански“ на Здружението „Бран“ и ревијата „Бранувања“ од Струга, додека втората – „Сиво сјаат вселените“ е книга со која Марковски е носител на наградата „Бели мугри“ на ДК „Кочо Рацин“ – Скопје за 2016-та.

Покрај промоцијата на книги, во рамките на манифестацијата која трае се’ до 15-ти ноември, досега се оддржа и етно изложба, изложба на стари разгледници од Македонија насловена „Македонија – така далечна, така блиска“ на Драгољуб Силјаноски, женска поетска вечер, како и Денови на македонскиот филм, при што беше оддржана проекција на филмот „Балкан-кан“ со уводен говор од м-р Ана Азеска, лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека.

мкд илинден риека

 

Comments

comments