Со проекција на филмот „Хармс“ во режија на Иван Болотников, вечер во 20 часот во Кинотеката на Македонија, завршува Фестивалот на филмската монтажа „Синематик“.

„Хармс“ е прва копродукција помеѓу Русија и Македонија со учество на Литванија како втор копродуцент. Овој филм веќе освои повеќе меѓународни награди, меѓу кои и две награди на филмскиот фестивал во Шангај, кој е еден од петте најголеми и најпрестижни филмски фестивали во светот. Посебно значајна улога од македонска страна има копродуцентот Сашо Павловски, како и композиторот Сони Петровски, кој ја компонираше целата музика за овој филм. Филмот ја раскажува приказната на советскиот авангарден писател и поет Данил Иванович Јувачов, во светот познат како Данил Хармс.

За главната награда „Златен рез“ за најдобар монтажер одлучува тричлено жири во состав: Миле Петковски, претседател, Благоја Неделковски и Ванчо Мираковски, членови.

Фестивалот беше отворен со македонска премиера на албанско-италијанско-македонската копродукција „Скршено“ во режија на Едмонд Будина. Наградата за животно дело за монтажа синоќа во Кинотеката на Македонија му беше врачена на годинашниот лауреат Андрија Зафрановиќ, а во пп.чшинегова чест беше прикажан филмот „Уставот на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ. Тој вчера на Факултетот за драмски уметности во Скопје одржа мастер-клас пред студентите и претставници од фелата.

http://cooltura.mk/

Comments

comments