Алманахот е квалитативен резултат на книжевната работилница „Есенски креативен мозаик“ што се одржа во месец октомври

На 16-ти декември во 18 часот во ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје беше промовиран книжевниот алманах „Есенски креативен мозаик“.

Алманахот е квалитативен резултат на книжевната работилница „Есенски креативен мозаик“ што се одржа во месец октомври. Поетско-книжевната работилница се оддржа во четири термини кои беа посветени на практичното пишување поезија, проза и драмски текст. Предавачи беа: м-р Марина Мијаковска, Стефан Марковски и д-р Славчо Ковилоски.

Промотори на книжевниот алманах се м-р Марина Мијаковска и д-р Славчо Ковилоски. На промоцијата со книжевни творби ќе се претстават единаесет книжевни таленти кои на работилницата активно создаваа поетски творби, кратки раскази и драмски текстови.

Comments

comments