Синоќешната промоција на збирката афоризми на Горан Јанкуловски, „Ни лук јал, ни ќебапи мирисал“ е потврда за тоа како една промоција треба да изгледа.

Без многу помпа и премногу формалности и говори, посетителите имаа можност да дојдат до книгата, да добијат посвета и директно поразговараат со авторот, по познат како Стиховен Калибар.

Опуштена атмосфера во која стотина гости останаа скоро 3 часа и уживаа во пријатната атмосфера.

Книгата „Ни лук јал, ни ќебапи мирисал“ е во издание на Центарот за промоција на култура и туризам, а наскоро се очекува и дистрибуција на остатокот од тиражот во продажни места кои дополнително ќе бидат посочени.

 http://cooltura.mk/

Comments

comments