Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ и школата за поезија – делегација Македонија, на 21 декември 2017 година, со почеток во 20:00 часот во просториите на кафе книжарата „Магор“ во Скопје, со промоција на е-зборникот „Премин“ и поетско читање ќе го одбележи Интернационалниот ден на Светската унија на поети.

„Премин“ е резултат од последниот креативен предизвик на групата на Школата за поезија – Делегација Македонија, а во него се застапени 25 автори со своја поезија, како и поезијата на двајца поети, гости од Филипини и Тајван.

Од македонските автори во овој зборник учествуваат: Жаклина Свеќаровска, Даниела Пејева Митева, Д.А. Лори, Лилјана Пецова Илиеска, Снежана Паноска, Сузана Мицева, Магдалена Чапаровска, Оливера Доцевска, Билјана Ѓорѓиева Гаврилова, Сотир Д. Георгиевски, Дејан Крстески, Живка Коцева Караџовска, Милена Ристова-Михајловска, Наталија Наумовска, Јаготка Томовска, Филип Димкоски, Марина Василевска-Стојановска, Мариета Дукиќ, Ратка Колева Дамјановиќ, Ристо Маџунков, Лидија Дочовска Павловска, Иле Наумов, Ице Беличев, Митко Гогов.

„Претставниците на македонската делегација решија да пишуваат поезија на тема „Премин“, за да може секој еден од нив на свој, уникатен поетски и изразувачки стил канализира дел од неговиот светоглед, преку поетиката да го скулптурира индивидуалниот, номадски, литерарен, хронолошки збир на флуидно расфрлени собства кои решиле да сочинат сегмент на еден поголем поетикум, посуштински вредносен центрум на аналитичност, критичност, прецизност, на изворно чистата и хербариусмки богатата тегла на еликсирни, поетски дози занаетчиство, како тогаш кога клучарот ви ја покажува вештината за правење алат за отворање на светови.“ – стои во воведот на збирката на Митко Гогов.

Во освртот кон тематскиот зборник „Премин“ Жаклина Свеќаровска ќе забележи: „Човек не може да влезе двапати во иста река. Постојано преминуваме од некаде кон другаде, од нешто кон нешто друго. Еве, и сега сме на преминот од една година во друга. Толку природно.

Токму поради тоа состојбата на премин кој никако да заврши, премин кој стана феномен сам за себе (го нарекоа транзиција) е состојба исто толку неприродна како кога реките би почнале да течат нагоре место надолу. Но, водата не може да ги победи законите на природата. Кога ќе се разгневи, водата се разлева во широчина исто како што поетите соочени со тематскиот предизвик (Премин) преплавија со стихови, слики, емоции… “

премин-постер

 

Comments

comments