Промоција на „Мини прирачник за поезија“ ќе почне во 20:30ч во Кинотека на Македонија.
Помотор: проф. д-р. Иван Џепароски

Модераторка: Христина Ѓорѓиевска

На официјалната покана за настанот на фесјбук пишува:

„Дојдете да се видиме, да се подружиме, оние кои го помогнаа објавувањето на книгата да си ги подигнат примероците, останатите да си набават примероци, да си поразговараме и да споделиме пријатна предновогодишна енергија…“

Поетите и поетесите не треба да се плашат од смртта, ниту да се надеваат на бесмртност. Иако ставот кон животот и смртта е индивидуален и интимен, и исто толку различен, сепак, кога станува збор за уметноста, сметам дека е потребно да се избалансира златната средина. Ако се плашиме од смртта, ќе го поминеме животот во нејзино непожелно исчекување. Ако се стремиме кон бесмртност, неизбежниот удар на смртта ќе го поднесеме многу поболно отколку што навистина боли. Ако се плашиме од
смртта, ќе живееме како кукавици. Ако се стремиме кон бесмртност, ќе живееме како лажни, самопрогласени богови. А и во двата случаја нема да бидеме поети! Ниту Шекспир сам за себе не си посакал бесмртност, туку во своите сонети, без лажни надевања, ја предвидел бесмртноста на своите дела. Оти, впрочем, авторот умира со/во своето дело, многу порано од својата биолошка смрт и многу пати, со секое наредно читање на делото. Dulce et decorum est pro arte poetica mori! – од МИНИ ПРИРАЧНИК ЗА ПОЕТИ

25594156_1535897033131105_7743392233052197172_n

Comments

comments