Се потсетив на „Ода на радоста“ имено песната што ја пеев на хор во основно одделение, па сакав да ја споделам со сите читатели и се надевам дека во оваа Нова година радоста ќе ги прати сите.

Радост бистра, убост чиста, ќерко од Елизија
опивна си моќ што плиска, радост и поезија.

Твојте сништа спокој шират, злото што го скротува
Сите луѓе да се смират, духот твој ги сплотува

Среќни да сте милиони, јас ви праќам бакнеж врел
верба, дружба, братство, љубов, слога да ни мине живот цел.

Другар ти со другар биди, гордост има секој жив
тој пак тоа што го нема, нема живот, нема здив.

Фридрих Шилер ја напишал поемата “За радоста” (An die Freude) во 1785 година како “славење на човековото братство”. Подоцна поетот ја презирал нејзината популарност и ја отфрлил како типичен “лош период на возраста” во кој тој ја напишал. По неговата смрт, песната станала текст за хорската изведба на Деветтата симфонија од Лудвиг ван Бетовен.

Наталија Наумовска

Comments

comments