Според Чарлс Духиг, која буквално ја напиша книгата на предметот, сите навики работат на ист принцип, без разлика дали се добри или лоши. Вие доживувате некаков вид на копче или активатор која го потсетува мозокот на таа навика, вие ја извршувате својата рутина, и на крај добивате награда на некој начин.
Има неколку добри и неколку лоши вести за сите добри и лоши навики во целина. Лошата вест е што на мозокот му е многу тешко да ја напушти таа рутина од навики во потполност. Добрата вест е што додека е многу тешко да се искорени одредена навика, многу полесно е да се замени со друга бидејќи сите навики се слични за одредена личност на некој начин. Еден пример се хроничните пушачи, тие ја заменуваат навиката на пушење најчесто со џвакање мастика. Тие ги замениле цигарите со мастики, наместо да посегнат по цигара тие посегаат по мастики.

Prospect-Mortgage

Каква поврзаност имат сето ова со Фејсбук и читање? Во една неверојатна статија на медиум, дезајн за хакери од Давид Кадави посочува дека тие што гледаат да читаат повеќе ја „крадат” навиката од Фејсбук за да ја постигнат својата цел. Исто како што пушач посегнува по циагара, така и зависник од читање несвесно посакува да отвори Фејсбук. Кадави прашува, што би било ако наместо Фејсбук да отворите книга?
Ова точно се неговите зборови од статијата:
-Намалете ја зависноста. За оваа одредена навика, нешто ве спречува да уживате во читање книга и ве тера да користите Фејсбук. Отворањето на книга претставува големо посветување и труд. Така да, вие требате да си дадете себеси дозвола и поттик за да читате едно мало дебело парче книга.

  • „Копчето“ што предизвикува зависност од Фејсбук пренасочете го за да поттикнува желба за книга. И гледајте да е вистинска книга, а не електронска книга бидејќи искушението за електронска книга е поголемо, слично на користење Фејсбук. А, доколку морате да користите електронска книга гледајте иконата на Фејсбук да е скриена, да не ви боде очи.

-Заменете ја зависноста. Веднаш, фатете книга! За почеток, фатете книга, отворете на која било страна и започете со читање. И запомнете, игнорирајте секаква мисла што ве тера да се откажете од читање книга и ве тера да мислите дека е преголем труд. „Дневни ритуали” е добра книга за почеток бидејќи има многу мали делови, или пробајте „Опасни обврзници“ ако повеќе сакате научна фантастика.
За неколку недели ќе приметите дека многу повеќе ќе читате. Кадави ветува, дека ќе сфатите дека многу внесувате во вашиот читачки идентитет, што ќе ја зајакне вашата нова навика. Звучи изводливо, зошто да не пробате?
Или, ако сте задоволни со вашата зависност од социјални мрежи, тогаш пак воопшто не ја создавајате навиката за читање книги, сепак тоа е само ваш избор.

Н.Н

Comments

comments