Имаше таа свои светови,
свое засолниште и бегство од светот,
имаше таа свои стравови
и доволно храброст за да ги надмине.
Го имаше него,
своја поддршка и извор на среќа,
го имаше него
и ништо друго не  беше важно.
Имаше таа скршена насмевка,
но сјај во очите,
имаше таа скршени кријла,
но сепак умееше да лета.
Го имаше него,
за кого претставуваше цел свет,
го имаше него
на кому му викаше:
„Ајде да одиме на друга планета“.

Н.Н

Февруари,
2015

Comments

comments