Денеска едно чудно видео кружи низ социјалните мрежи. Се работи за аматерско видео на кое се гледа како навидум човек лебди над МТВ, а на крајот за момент се појавува еднакво чуден симбол. Во описот на видеото се наоѓа само еден линк кој води до вебсајт – https://0101001101001011.com.

На вебсајтот освен самото видео се наоѓа и тајмер кој одбројува до 15-ти март. Многумина се прашуваат дали видеото е вистинско, или е пак обид за некаков вирален маркетинг. Бидејќи ниту видеото, ниту вебсајтот не нудат никакви конкретни информации, останува да чекаме да заврши тајмерот за да дознаеме повеќе.

Исто така направена е и страница на Фејсбук посветена на откривање на мистеријата позади овој сајт – https://www.facebook.com/pg/shto.e.0101001101001011/

Во меѓувреме можете да го погледнете видеото тука:

 

Comments

comments