Гласен збор ја гасне утринската глад

чекорите личат на зрнца од песочен часовник

светот е претесен за смрт во самотија

телефоните што ѕвонат во празните говорници

најавуваат уште една шарена илузија.

Еднаш и ние го искусивме небото

што сјае во боите на шаховницата

пиуни

многу пиуни и по некој коњ

ја убиваат смислата во телото на Кралот

избеган од дрвеното царство.

art-street-night

Хартијата од која се направени парите

што му ги должиш на Богот

распнат врз вкрстените тела на родителите

е изводот од книгата на родени.

 

Бели црви црна светлина копаат

наоѓаат сандаци заситеност од уличарска ноќ

доволно јасна за да ѝ ги забележиш

скриените тетоважи од трагите на изгубениот сјај.

Comments

comments