Последнава недела едно прашање ги обзема сите – „Што е 0101001101001011?“ – Што е со мистериозниот вебсајт кој покажува видео на човек како лебди над МРТВ и тајмер кој одбројува „Време до откривање“.

 

…Каде водат скриените страни на сајтот http://0101001101001011.com/ ?

….Што е со тајните документи?

…Каква е таа организација по име ОТРАЛКОН?

 

Времето на откривање дојде. Одговорите на овие прашања, на мистеријата позади сајтот, видеото, и ОТРАЛКОН лежат во книгата „Урбанон“ на Марио Савовски.

урбанон - марио савовски

Урбанон претставува нешто што го немало досега кај нас – Alternate Reality Game, или АРГ – комбинација од повеќе интерактивни медиуми во раскажувањето на една приказна. Книгата не вовлекува во светот на урбаните легенди и ни ги прикажува приказните во форма на извештаи направени од страна на тајна организација која проучува паранормални настани.
Промоцијата на книгата ќе биде на 21-ви Март, среда, во MKЦ Club & Restaurant, со почеток во 19:30. Воедно, тоа ќе биде и првата интерактивна промоција на книга каде посетителите не само што ќе можат да ја купат книгата туку ќе имаат шанса и на самата локација да влезат во светот на книгата и да откријат дел од приказната.

 

За повеќе информации можете да отидете на самиот настан:

https://www.facebook.com/events/2208260122734537/

Comments

comments