Се смееме на ист јазик,
а тагуваме на сопствена мака,
плачеме на ист јазик,
а се радуваме на свој начин.
Солзи си бришеме
за заедно да се радуваме,
тага бркаме
за да се излекуваме.

Луѓе сме покрај сè,
стоиме црвсто пред предизвици
но, и се кршиме пред некои од нив.
Водиме сопствени битки
кои може да ги поделиме со многумина,
се натпреваруваме со себеси,
а таа борба е најтешка,
најтешко себеси се победуваме.
Разумно постапуваме
за некогаш да утнеме,
но луѓе сме покрај сè.
Луѓе сме покрај сè,
војни надживуваме,
непобедливо победуваме,
раце да си подадеме
затоа што сме луѓе после сè.

Н.Н,
2018

Comments

comments