Менталното здравје и благосостојба се од фундаментално значење за нашата колективна и индивидуална способност.
Со цел да се зголеми степенот на едукација и информираност за менталното здравје, Асоцијација Мисла поддржана од Цивика Мобилитас, ја спроведува „Кампањата за информирање на јавноста насочена кон овозможување достоинствен живот и социјална правда за лицата со ментални болести“. Актуелен е видео спотот со наслов „И јас имам предизвик“. Видеото од кампањата може да го погледнете овде.
Како директна поддршка за лицата од целната група беше организирана и група за поддршка водена од професионален психијатар – психотерапевт. Во текот на месец март беа одржани 6 сеанси на групата, а последната беше на 26 март, на која присуствуваа 15 лица.
Асоцијација Мисла организираше и јавна трибина на тема “Достоинствен живот и социјална правда за лицата со ментални болести” која се одржа во Скопје на 18.03.2018. На јавната трибина свои излагања имаа психолози, психијатар и социјален работник.
Во подготовка е и акција на делење информативни летоци на темата ментално здравје, која ќе се спроведува во Скопје и во Куманово на 31 март. Во неа ќе бидат вклучени лица од маргинализирани групи и невработени лица на кои ќе им биде овозможен привремен работен ангажман и можност за скромна заработка.
Менталното здравје директно влијае врз основните човечки и општествени вредности на независност, мисла и акција, среќа, пријателство и солидарност. Затоа заштитата на менталното здравје треба да се биде витална грижа на сите луѓе кои создаваат и живеат во едно општество.
Сепак, сегашната слика за реалноста е малку поинаква. Високиот степен на дискриминација што постои, претставува голема пречка за нормално функционирање и интегрирање на овие лица во секојдневниот живот и извршување на нормални активности. Во интерес на сите е да се негува и поддржуваат основните човечки вредности, особено во формативни фази во животот.
Инвестирањето во менталното здравје се однесува и на промоција и на заштита на менталното здравје и до спречување и лекување на ментални нарушувања.
За подетални информации, на располагање е оставен контакт од одговорните лица од Асоцијација МИСЛА.
Контакт:
АСОЦИЈАЦИЈА МИСЛА – СКОПЈЕ
Ул. Рокомија Бр. 84-а , 1000 Скопје
E-mail: association.misla@gmail.com
Facebook: www.facebook.com/asocijacijamisla
Лица за контакт:
Дејан – 075/588-958 e-mail: dejan_pupinoski@hotmail.com
Димитар – 070/697-839 e-mail: dilccov@gmail.com