Сребрената надеж низ прозорецот

река е што ги сече планините и улиците

кои ја претвораат во депонија за загубено и најдено.

Сребрената надеж низ прозорецот по кој арабески го танцуваат копнежот

си го продава постоењето за време искршено на парчиња

сребрената надеж низ дрвениот прозорец со напукната боја

бега од погледите на случајните минувачи

трага да осветли листови од правливи книги

што кријат демони избегани од изгубени детски сни

Сребрената надеж на хоризонтот

осамен пат е низ Југот

житно класје покажува златна насока што победува стравови.

Но дали е сребрената надеж од онаа страна на окото или прозорецот

или само завеса

платно на кое ингениозен уметник

исцртал сребрена халуцинација што нѐ прелажала

ако не можеме себеси

да ги додржиме прегрнати барем очните капаци.

житно поле лето

Comments

comments