Во Младинскиот културен центар денеска УСАИД одржа конференција за млади лидери на тема „Патот на Македонија од развој до самоодржливост”. Учесниците имаа можност да ги слушнат говорите на едни од најуспешните млади македонски таленти, кои ја пренесуваа нивната лична приказна и успех како и панел дискусија за тоа „Што е потребно за да се биде успешен во Македонија?”.

Конференцијата беше последна од низа активности на УСАИД Mакедонија за одбележување на 25 годишнината од работењето во Македонија.

Обраќајки им се на учесниците на конференцијата, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери,  рече: Ние (УСАИД) сме тука во улога на катализатор кој ги поставува основите за успехот на Македонија, но на крајот иднината на земјата е дефинирана од нејзината младина, нејзините граѓани, нејзините идни лидери. Предизвиците што ги преземате, изборите што ги правите и напорите што ги вложувате ќе определат колку бргу Македонија ќе стане земјата каква што посакувате да биде.

Завршувајќи ја конференцијата, амбасадорот на САД во Mакедонија, Џес Бејли додаде: Слушајќи ги приказните на говорниците денес, знам дека може да успееме. Она што ме интересира е што ќе случи со сите овие приказни за 10-15 години. Верувам дека едно е точно, а тоа е дека на тој пат нашите две земји и нашите два народа ќе станат уште поблиски и посилни партнери. Верувам дека ќе продолжиме со овие дискусии, овие партнерства, како што вашата земја ќе стане посилна и се повеќе ќе се потпира на тоа што го има.

Извор: https://novatv.mk

Comments

comments