Триесеттото издание на Саемот на книга ќе се одржи од 3 до 9 мај во Арена „Борис Трајковски“ под покровителство на Министерството за култура.

Од Министерството за култура соопштија дека на Саемот ќе учествуваат сите значајни издавачки куќи во Македонија и издавачки куќи од регионот, и ќе ги претстават своите најнови изданија, како и голем број на промоции, средби со автори и големи саемски попусти.

По повод 30. јубилејно издание на Саем на книга, Скопски саем за сите организирани, групни посети на ученици ќе обезбеди бесплатен влез. Донацијата за влез на ученици се обезбедува со цел промоција на најмасовната културна манифестација во земјава, популаризација на книгата и негување на читателската публика уште од најрана возраст.

Се очекува зголемено присуство на посета на ова јубилејно издание на Саемот и да ја надмине бројката од редовните 40.000 посетители.

Извор: http://cooltura.mk/

Comments

comments