Јасно ми е дека

во непознат град

сретнав непознат живот

одеднаш, неочекувано,

како сонцето во март.

 

Кажав „здраво“

и другиот живот

ми ја покажа картата

на тој непознат град,

потоа ме однесе дома.

 

Том Филипс

Препев на македонски јазик: Митко Гогов

 

сонцето во март

Том Едвард Филипс е поет, драматург и преведувач од Бристол, Велика Британија, кој во живее во Софија, кадешто неговата последна збирка поезија „Непознати преводи“ е издадена од издавачката куќа Скалино.

Comments

comments