Списанието за литература, култура и уметност „Современост“ во првиот број за 2018 на 153 страници нуди разновидност од поезија, проза, есеистика, критички осврти и студии.

Современост - корица

Како и во поголемиот дел од присутните содржини, така и во поетскиот дел овојпат доминираат автори од помладите генерации: Блаже Петревски, Тања Кармзова-Костиглиола, Александар Војнески, Катерина Гогова, Ирена Јурчева, Вања Таневски, но застапени се и авторите: Васил Дрвошанов, Јовица Ивановски, Даниела Андоновска-Трајковска, Сашо Огненовски и Љубе Митрејчевски.

Со кратка проза се застапени: Драган Георгиевски, Марина Мијаковска и Сања Котевска.

Со студии кои се однесуваат на различни книжевни и книжевно-историски теми: Славчо Ковилоски, Васко Маглешов, Васил Тоциновски, Стефан Костоски и Игор Радев.

Во бројот се присутни и преводи од авторите: Срѓан Тешин, Наида Мујкиќ, Стефан Митиќ-Тичми и Мирослав Алексиќ.

Новитет во поглед на изгледот на списанието е сменетиот дизајн и застапувањето уметнички слики, чиј автор во овој број е академската сликарка Татјана Манева.

„Современост“ е најстаро македонско списание за литература и уметност, чиј прв број излезе во 1951 година, како директен наследник на првото македонско списание за уметност, наука и општествени прашања „Нов ден“, оформено во 1945.

Во текот на 2018-та е предвидено објавување на 4 броја на „Современост“ со обновената редакција во состав: Стефан Марковски, главен и одговорен уредник, Снежана Стојчевска, уредничка и Елена Пренџова, уредничка.

 

Comments

comments